Германија vs Франција: Проблеми во Јадрото на Европа
Објавено во: Анализа 27 Февруари, 2013 07:15
Но доколку погледнеме малку подлабоко забележуваме дека овие две економии започнуваат да пловат во различен правец. Последните макроподатоци кои укажуваат на идното индустриско производство и раст на БДП покажуваат податоци кои се најниски од 2009 година за Француската економија. Од друга страна Германците се над рецесивното ниво и имаат податоци кои наголемо се разликуваат од оние од Франција.
Еве за каква разлика се работи!
Макроподатоците за Германија на полето на таканарачениот Purchasing Managers' Index се на исклучително високо ниво (највисоко ниво од јули 2011), додека како што кажавме Франција е на најниско ниво од 2009 година.
Од раѓањето на еврото во 1999 година овие две огромни економии се развиваа со исто темпо од некаде 1,4% годишно. Во периодот 99-07 дури Франција растеше и побрзо од Германија.
Но тука започнаа и разликите. Германиците се покажаа поконзистетни и поотпорни на кризата. Па така, од 2007 до денеска Германија расте со 0,8 проценти додека Франција е во постојана рецесија и годишно паѓа со 0,1%.
Франција делува дека ќе мора да направи сериозни реформи во нејзиниот социјален модел. Тоа без дилема ќе биде неверојатно тешка задача за било кој што е на власт, посебно за претседателот Оланд кој на власт дојде со сосема различни ветувања. Франција оди надоле додека нејзиното опкружување успева да плива. Потребни се фискални и структурни реформи доколку не сакаат оваа разлика меѓу нив и Германците да се прошири.
Германците продолжуваат да бидат најкомпетитивни во Европа. Оланд започнува со некои реформи со кои се обидува да даде подршка на домашната економија но споредмногумина тоа е далеку од доволно.
Социјалната држава си има своја цена. Се покажува дека социјална држава е одржлива само за неколку држави кои може да се набројат на прсти. Она што една генерација го ужива друга мора да го плати.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





