Германска амбасада: Македонија е подрачје со голем ризик на инфекција, задолжитекен карантин за сите што ќе влезат во Германија
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2021
Северна Македонија моментално е назначена како ризично подрачје со особено голем ризик на инфекција од Ковид-19.
Ова го соопшти Германската амбасада во земјава на својата официјална фејсбук страница.
Сите лица што престојувале во ризична област 10 дена пред влез, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во Германија. Оваа обвска за карантин важи независно од државјанството, изземени се само патници кои транзитираат (со автомобил или авион).
Сите лица се дополнително обврзани: најмногу 48 часа пред влезот да направат КОВИД-тест, чиј резултат треба да го носат со себе на хартија или како електронски документ на германски, англиски или француски јазик и во рок од 10 дена по влезот и веднаш да и го приложат на надлежната служба по барање; пред да тргнат на пат да се пријават на веб-страната www.einreiseanmeldung.de. Само ако не е можно дигитално пријавување за влез, може да се приложи известување во писмена форма како замена за него. Патниците мора да носат со себе испечатена потврда од нивната пријава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.