ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ПОРАДИ ЕДЕН МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР: Недостиг има кај 80 отсто од компаниите
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2023
Половина од германските компании сè уште тешко наоѓаат работници, покажува истражувањето објавено денеска од Германската трговска и индустриска комора (ДИХК), предупредувајќи дека недостигот на работна сила ја загрозува конкурентноста на економијата.
Точно е дека незначително е намален бројот на компании кои имаат потешкотии да најдат работници, од јануарските 53 на 50 отсто, утврди ДИХК, но проблем е недостигот на работна сила во секторите кои бележат високи стапки на раст и бараат висококвалификувани работници.
„Ситуацијата со квалификувана работна сила останува критична, тесните грла во понудата на квалификувана работна сила го загрозуваат успехот во клучните технологии“, се вели во извештајот.
Според сегашните проценки, 1,8 милиони работни места се непополнети во германската економија во целина!
„Тоа значи дека годинава ќе се изгубат над 90 милијарди евра додадена вредност“, се нагласува во извештајот, со предупредување дека тоа е повеќе од два отсто од бруто домашниот производ.
Истражувањето покажа дека 80 отсто од компаниите очекуваат негативни последици поради недостигот на работна сила.
Поради сето ова, 16 отсто од компаниите ќе бидат принудени да инвестираат помалку во Германија, особено во секторите на машинско инженерство и производство на автомобили, но и во медицинската технологија и уредите за обработка на податоци.
Свесна за проблемот, германската влада годинава усвои нов закон за да им помогне на странските работници да се населат во земјата.
Повеќе од половина од компаниите веруваат дека ангажирањето странски и квалификувани работници може да биде решение за проблемот со недостигот на работна сила, покажа ова истражување.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.