15 Декември, 2025
0.1046

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА ИСЧЕЗНУВА: Компаниите забрзано се селат во други земји

Објавено во: Економија 27 Септември, 2023 11:02

Добивај вести на Viber

Германските компании забрзано се селат во странство, предупреди првиот човек на Здружението на германски индустријалци. Тој посочи дека индустријата во најголемата европска економија полека исчезнува поради високите трошоци за енергија кои ја загрозуваат нејзината конкурентност.

„Создавањето вредност, бизнисот и работните места во голем дел од енергетско интензивната индустрија се во конкретна опасност на локации во Германија“, рече во понеделникот претседателот на Здружението на германските индустријалци (БДИ), Зигфрид Русвурм.

Индустриското производство исчезнува или се сели во странство, потенцира Русвурм. „Светлата буквално се гасат на се повеќе локации во Германија“, додаде тој.

Индустријата сака да ги постигне климатските цели, но и се заканува пропаст „затоа што е се помалку конкурентна и нема сигурна основа за планирање“, објаснува шефот на VDA.

Претприемачите, рече тој, „можат успешно да работат и инвестираат само ако рамковните услови се предвидливи, а (нивната) трошковна позиција е конкурентна. Во последно време, тие можат се помалку да се потпираат на тие два услови“, додаде тој.

На индустријата и се потребни сигурни проценки за вкупните трошоци за зелената транзиција, прецизира тој, издвојувајќи „сериозна проценка на трошоците за електрична енергија од 2030 година“.

Германија мора да ги задржи хемиската и челичната индустрија и другите гранки на индустриската база за трајно да ги задржи знаењата и работниците и да биде подготвена за нови фази на создавање вредност, истакнува Русвурм.

„(Тоа) нема никаква врска со неекономични, конвулзивни обиди да се задржиме на застарена индустрија“, тврди тој.

„Губењето на индустриската компетентност би било фатално за Германија и нејзината позиција како индустриска, извозно ориентирана земја на иновации, а не би била придобивка за заштита на климата на земјата“, додава Русвурм.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност