16 Мај, 2024
0.0286

Германските Турци ја бараат среќата во татковината на своите родители

Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Високо образованите Турци родени во Германија, ја напуштаат Германија за да ја побараат среќата во татковината на своите родители. Но многумина се изненадени од големите културни разлики. Хасан Ајдин бил воодушевен. Овој студент по економија од Келн, ова лето бил на пракса во Истанбул. – Многу очекував кога отидов во Турција, бидејќи можев да замислам дека по завршувањето на факултетот ќе барам работа во Турција – вели 25 годишниот Хасан. Но, работите се одвивале поинаку. На Хасан му бил чуден односот со шефот. – Кога работев во една компанија во Германија, шефот ме праша за моето мислење – вели Хасан.

Во Турција тоа го нема. – Ако шефот нешто рекол, тогаш тоа мора да го прифатиш – објаснува Хасан. Тој како германски Турчин во Турција се чувствувал дискриминирано: - Бев нов, бев тој од Германија.

Хасан не е осамен случај. Според резултатите на студијата на германско-турската Фондација за образование и научни истражувања ТАВАК, со седиште во Истанбул, во периодот од 2007 до 2011 година Германија ја напуштиле 200.000 млади лица со турско потекло. Причина за заминување секогаш не е работата. 23-годишната Бејза Кулунк студентка по педагогија од Келн, едноставно била љубопитна. Се родила и пораснала во Германија. Вели дека цело време се прашувала како би било да се живее во земјата на своите родители.

Зошто Турција е толку привлечна? Социологот Камуран Серез од Институтот Футуреорг од Крефелд ги истражува животните и деловните навики на турската елита во Германија. Една од причините за нивната миграција тој ја гледа во неуспешната интегративна политика. – Утврдивме дека не успеа да се постигне идентификација на тие млади паметни глави од Германија. Резултатот на тоа е чувство на дискриминација – вели Сезер. На тоа треба да се додаде и развојот на Турција. – Турското стопанство цвета. Затоа му се потребни високо квалификувани луѓе. Германија со своите високо образувани жители со турско потекло е важен пазар за врбување на работна сила – вели за Дојче веле, Камуран Сезер.

Непожелно критикување на шефот

Многу германски Турци ги занемаруваат културните разлики на двете земји. – Турците кои доаѓаат од Германија и работат во турски компании се фрустриани – вели Сезер. Она што на многумина прво ќе им попречи е културата на дискутирањето. Во Турција шефот може да се критикува само ако сте многу внимателни, додека во Германија тоа е поинаку. Безја исто така за време на праксата брзо сфатила дека со германското образование ќе и биде многу потешко во Турција: - Веќе во текот на мојата куса пракса во една детска градинка во Истанбул ми беше јасно дека постојат големи разлики во однос на германскиот систем.

Дојдените од странство

Многу луѓе од странство кои првпат доаѓаат во Турција каде планираат да го продолжат својот живот, се чувствуваат како дојденци. – Германските Турци се групи кои се одвојуваат од турските, домашната заедница – вели Камуран Сезер. Поради тоа се организираат на социјалните мрежи или дури редовно се состануваат. Во меѓувреме во речиси сите турски градови постојат такви места за дојденците, пред се од Германија.

За Бејза врската со Германија е многу важна. – Ние сме германски Турци и поради тоа никогаш нема да ја прекинам врската со Германија. Сакам да работам на проекти за размена на ученици и студенти. Размена во која би се работело за односите меѓу Германија и Турција – вели Бејза.

Хасан Ајдин исто така од лично искуство ги откри своите германски корени: Мислам дека би можел да работам во Турција, но во некоја германска компанија.

Извор: Миа

Можеби ќе ве интересира

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати