ГЕРМАНСКОТО БДП НА ДНОТО: Најголем пад од 1970 година
Објавено во: Економија, Корона Вирус 29 Јули, 2020
Oд 1970 година Германија сега регистрира најголем пад на БДП.
Вториот квартал на 2020 година најверојатно ќе заврши со „најголемиот пад на реалниот бруто-домашен производ (БДП)“ од 1970 година, кога германската канцеларија за статистика „Дестатис“ почна квартално да ги објавува податоците за БДП, се наведува во месечниот извештај на Бундесбанк.
„Дестатис“ во четврток треба да ги објави првичните податоци за БДП во второто тримесечје од годината, а економистите очекуваат падот на економијата да достигне двоцифрени податоци, јавуваат германските медиуми.
Во првиот квартал германската економија имаше пад од 2,2 проценти во однос на претходниот квартал.
Германската економија од мај почна да закрепнува откако почнаа да се укинуваат или олеснуваат строгите рестриктивни мерки наметнати заради пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.