05 Декември, 2025
0.0321

Германците ги криват Русите: Поради нив драстично паѓаме!

Објавено во: Агробизнис, Свет 09 Декември, 2015 15:41

Добивај вести на Viber

Финансиската состојба во која се наоѓаат германските земјоделци драстично е влошена поради падот на цените на земјоделските производи.

Подобрувањето на состојбата не се очекува во блиска иднина, соопшти федерацијата на земјоделци DBV.

DBV во извештајот за 2014/15, пресметал дека во просечните приходи земјоделските домаќинства оваа година 35 одсто се пониски отколку претходната година и изнесуваат 43.300 евра, пренесува Франс прес.

Тоа значи дека просечните приходи по земјоделец изнесувале 2500 евра месечно, односно 30.000 евра годишно, наведува федерацијата.

„Падот на приходите потсетува на кризната година 2008 и 2009“, рекол претседателот на DBV Јоаким Руквид.

Федерацијата како некои од причините за намалување на приходите го издвои руското ембарго на увоз на европски производи и намалената побарувачка во низа азиски земји, додавајќи дека тешката состојба ќе потрае и во 2016.

Земјоделскиот сектор на Германија е втор по големина во ЕУ после францускиот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?