ГЕСТ ЗА ПОЧИТ - дел од добивката „Макпетрол“ ќе распредели меѓу вработените
Објавено во: Економија 02 Мај, 2023
Дел од остварената добивка за 2022 година „Макпетрол“ одлучи да распредели меѓу вработените, со што компанијата континуирано ја потврдува грижата за членовите на својот тим обезбедувајќи им стабилни приходи и дополнителни награди и бонуси. За оваа намена се предвидени 110 милиони денари, односно 1,79 милиони евра. Ова е резултат на стабилното и успешно работење, дури и во актуелниот период на неизвесност на пазарот на енергенси, повисока инфлација и зголемени трошоци за живот.
Годинешната сума од распределенaта добивка за вработените ќе биде значително повисока од исплатената во минатата година, кога по овој основ „Макпетрол“ распредели вкупно 70 милиони денари по годишната сметка за 2021 година.
Ова е дополнителен финансиски поттик за вработените во „Макпетрол“, кои минатата година, и покрај кризата, два пати добија покачување на платите, со што нивните месечни приходи пораснаа за 20 отсто. Покрај зголемувањето на платите, компанијата лани на секој вработен исплати и регрес за годишен одмор во нето-износ од 33.000 денари, како и дополнителен новогодишен бонус од 30.000 денари.
Годишниот извештај на „Макпетрол“, кој е објавен на Македонската берза, покажува дека компанијата ја заврши 2022 година со добивка од 1.290.959.428 денари, односно околу 21 милион евра. Тоа е одличен финансиски резултат во период на големи осцилации на цените на нафтата и природниот гас на светските берзи и недостигот од енергенси со кој светот се соочува во последните години.
Според извештајот, делови од оваа добивка ќе завршат во рацете на акционерите, на вработените, како и за нови инвестиции на компанијата во развојни проекти. Така, за исплата на дивиденда за акционерите се предвидени околу 334 милиони денари, односно околу 5,42 милиони евра, а за нови инвестиции се испланирани околу 300 милиони денари (околу 4,88 милиони евра).
Имајќи ги предвид последователните финансиски успеси во изминатите години, може да се очекува дека и годинава „Макпетрол“ ќе продолжи со исто темпо на реализација на зацртаните проекти, остварување добивки и нудење дополнителни бенефиции за вработените. Позитивните финансиски резултати кои компанијата ги оствари во минатата година се стабилна основа за натамошни капитални инвестиции на „Макпетрол“, кои ќе бидат позитивен импулс за домашната економија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.