Гевгеличани лани платиле над 9 милиони денари за данок на имот
Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2013
Одделението за локални даноци и комунална такса во Општина Гевгелика лани донело 7.059 решенија за данок на имот со вкупен износ од 11,8 милиони денари од кои биле наплатени 9,6 милиони денари или 81,6 насто од вкупното даночно задолжение за 2012-та година.
Како што соопштуваат од општинската администрација, изготвени се и 338 решенија за утврден данок на промет на недвижности со вкупно задолжување од 11,8 милиони денари. Од нив биле наплатени 17,3 милиони денари или скоро 93 насто од вкупното ланско задолжување. Најголем процент на наплата имало од вкупните задолжувања на данокот за наследство и подарок.