Гевгелија го подобри водоснабдувањето со средства од Јапонија
Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2016 14:11
Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Луиза Винтон, заедно со првиот секретар на амбасадата на Јапонија во Виена, Тојоказу Кубота и градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, ја пуштија во употреба реконструираната пумпна станица „Вардар“ во Гевгелија.
Обновувањето и модернизацијата на пумпната станица двојно ќе го зголеми количеството на вода за пиење во гевгелискиот региони тоа од 50 литри на 100 литри во секунда, со што ќе се задоволат зголемените потреби од вода.
Бунарите и пумпната станица во бунарското подрачје „Вардар“ започнале да се градат во 1968 година, а биле предадени во употреба во 1970 година, но, оттогаш ова бунарско подрачје, освен редовното сервисирање, не беше реновирано.“, изјаци градоначалниот Иван Франгов. „Во изминатиот временски период, капацитетот на бунарите се намали, а истовремено потребата од вода за пиење во овој регион се зголеми, како резултат на зголемената потрошувачка на вода за пиење, особено во летните месеци“.
Со реконструкцијата беше извршена замена на постојните со нови потопни пумпи, замена на целата електроника и санација навнатрешниот дел на целиот објект во кој се сместени пумпите.
Овој проект беше овозможен со поддршка на владата на Јапонија, која за таа цел донираше 80,000 американски долари, во рамките на проектот на УНДП за поддршка на локалните власти во справувањето со мигрантската криза.
Зголемениот транзит на бегалците низ овој регион го зголеми притисокот врз локалните јавни услуги, вклучувајќи ги и снабдувањето со вода и управувањето со отпадот во општините Гевгелија и Куманово.
За надминувањена овие проблеми, владата на Јапонија донираше вкупно 2,225,000 американски долари со кои ги поддржа напорите на УНДП за справувањесо приоритетните потреби.
„Владата на Јапонија целосно го разбира фактот дека бегалската и мигрантската криза во исто време претставуваат и хуманитарен и развоен предизвик за засегнатите општини”, оцени Тојоказу Кубота од амбасадата на Јапонија. „Помошта за овој регион и луѓето кои се загрозени се долгорочен приоритет за нас”.
„Благодарение на Владата на Јапонија сега можеме да решиме некои долготрајни развојни предизвици кои бегалската криза ги изнесе на виделина“, изјави Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон. „Инвестициите во снабдувањето со вода и управувањето со отпадот во двете најпогодени општини ќе ги подобрат условите за живот на повеќе од 200,000 жители”.
УНДП и општината Гевгелија во моментов спроведуваат проценка за влијанието врз животната средина за изградбата на нов објект за управување со отпад , чијашто вредност се проценува на еден милион американски долари, кој во целост ќе биде во согласност со стандардите на Европската унија. Градежните активности треба да завршат до крајот на 2017 година.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




