Гевгелиските земјоделци ќе добијат отштета за невремето пред пет години
Објавено во: Агробизнис
14 Февруари, 2014 19:39
Добивај вести на Viber
Последните четири милиони денари ќе им бидат исплатени на 145 граѓани од гевгелискиот регион за претрпените штети на земјоделските посеви од обилните врнежи од дожд и снег, што ја зафатија општина Гевгелија во март 2009-та година, односно пред речиси пет години.
Советот на општината денеска донесе одлука за исплата на овие средства, кои претставуваат 10% од вкупно претрпената штета проценета по невремето.
Ова е последната, трета рата од отштетата утврдена од Владата на Република Македонија, која се согласи да покрие 30% од загубите на земјоделците. Во јануари 2010-та година беа исплатени 15 отсто или околу шест милиони денари, во август истата година уште пет отсто, односно два милиони денари и сега ќе бидат исплатени последните десет отсто од утврдената штета.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?