Добивај вести на Viber
Според препукувањата во Министерството за земјоделство, се чини дека проблемот со болеста Јазлеста кожа останува. Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги демантира тврдењата на АХВ дека вакцини се набавени.
АХВ дури вчера соопшти дека започнала едукација на сточарите и засегнатите лица во гевгелискиот регион за начинот на заштита и справување со болеста.
„Финансиски средства за набавка на вакцината и спроведувањето на активностите поврзани со сузбивањето на болеста се обезбедени дури на 12.05.2016 година. Оваа може да се види во Сл. Весник на РМ кој е објавен на 12.05.2016 г., каде се објавени измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделието за 2016 година.
Договорот за набавка на вакцините е потпишан дури вчера на 13.05.2016 година. Сеуште не се знае кога ќе биде извршена уплатата и кога ќе пристигне вакцината во Македонија“, вели Николовски.
Вкупно 250.000 вакцини се порачани против болеста јазлеста кожа кај говедата.
Вакцини ќе има за целиот фонд на крупен добиток или 226.000 грла, информираше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.
Како превентива на земјоделците им е наложено да одржуваат високо ниво на хигиена. За набавка на вакцините државата ќе одвои еден милион евра. Надлежните се справуваат со појавата на оваа болест, делувајќи заедно со фармерите и ветеринарните.
Болеста се појави кај животни во Делчево, Радовиш, Штип, Демир Капија, Струмица и Прилеп
Сточарите од штипскиот регион велеа дека и оние кои имаат здрави говеда трпат штети поради сточарите чии говеда се заразени од болеста. Млекарниците од овој регион се претпазливи при откупот, а дел од нив и во текот на вчерашниот ден не сакале да го откупат млекото од сточарите што немаат болни крави. Сточарите велат дека штетите се големи и бараат што поскоро да почне вакцинацијата.
„Мене ми го откупија млекото, но на сточарите од селата Селце и Драгоево повторно не им го откупувале млекото иако немаат заболени крави. Што да прават тие сточари да го фрлаат ли млекото, и они велат дека ќе го истураат во реката. Ние знаеме како да ги заштитиме кравите, хигиената ја одржуваме на високо ниво, прскаме против комарци и мушички во шталите, значи се што е до нас превземаме. Ние не сакаме да ни се заразат животните, од тоа живееме. Но не е се до нас, и општината треба да превземе мерки, да се прска авионски против комарци, не можеме ние покрај реката и мочуриштето да прскаме. И треба што поскоро да се почне со вакцинацијата“, вели Бранко Ристев,сточар од штипскиот регион.
Млекарниците будно ја следат состојбата
Дел од поголемите млекарниците за Фактор изјавија дека ја следат состојбата на терен а откупот го вршат во согласност со препораките од АХВ. Од млекарницата „Здравје Радово“ изјавија дека нема зошто да не се откупува млекото од оние крави што не се заразени. Од битолската млекарница изјавија дека тие воопшто и не откупуваат млеко во источниот регион, но ја следат состојбата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: