Ги добиваат највисоките плати во Македонија, но ќе мора да ги намалат за 30 отсто во 2021
Објавено во: Економија 09 Март, 2021
Сумата предвидена за бруто-примања
на вработените во „Македонски навигации“, кои управуваат со контролата на
цивилниот воздушен сообраќај во Македонија, во 2021 ќе се намали за 30,1 отсто,
покажува финансискиот план на телото во кое општопознато е дека се доделуваат
можеби највисоките просечни плати во земјата.
Поради забраната на ЕУ за летови од Македонија, приходите од наплата ќе бидат драстично намалени, па поради тоа М-НАВ ќе мора да подели само 555 милиони денари за плати. Од друга страна, проценето е дека за 2020 би се потрошиле 793 милиони денари за бруто-плати. Од таму најавуваат намалување и на другите помали трошоци.
Антикризните мерки од Управниот одбор беа донесени уште во април лани, а една од нив беше да се намалат платите за одреднеи месеци за 30 отсто. Иако тоа до сега беше незамисливо, М-НАВ годинава ќе ја заврши со загуба од 38,8 милиони денари, што ќе биде покриена во идните години.
Годишниот план покажува дека М-НАВ во 2020 бележи пад на наплатата за 56,9 отсто во однос на 2019. Затворањето на македонските аеродроми и ограничувањето на патувањето кон земјите од ЕУ, каде што авио-сообраќајот учествува со 77 отсто на национално ниво се главните причини за тоа.
М-НАВ сепак очекува стабилизирање i пораст на наплатата за 45 отсто во 2021 по изминувањето на кризната година и отворањето на границите.
- Согласно извршеното усогласување помеѓу М-НАВ АД Скопје и Агенцијата за цивилно воздухопловство на РСМ како регулаторно тело, единечната цена на прелетите во РСМ во 2021 е определена да изнесува 50,87 евра, што воедно претставува пораст од 13,1 отсто во однос на нивити во 2020 година, се вели во финансикиот план за 2021
Сепак цената на прелетите нема да биде многу повисока во однос на старите цени, ако се знае дека минатата деценија тие изнесуваа безмалку 60 евра од прелет. Од таму велат дека сумата се зголемува поради пандемијата, но и поради „Проектот за модернизација на системот за контрола на летање“.
Приходите од прелети, кои се главен извор на финансирање на контролното тело, се очекува оваа година да паднат од 950 на 645 милиони денари. Падот на вкупните приходи би бил 33,7 отсто.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.