ГИ ИЗНЕНАДИ ЛЕКАРИТЕ: По преживеана клиничка смрт и 3 месеци во болница се избори со коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Октомври, 2020
Пациент во БиХ преживеал клиничка смрт и по 93 дена го победил коронавирусот.
Златко Анѓелиќ(50) од Кисељак оздравел од Ковид-19 по 93 дена минати во болница, од кои 27 бил приклучен на апарати за дишење, а преживеал и клиничка смрт, објави Федералната телевизија на БиХ.
Лекарите велат дека се работи за надминување на човечките граници во борбата против опасниот вирус.
Анѓелиќ со насмевка на лицето ја напуштил болницата во Нова Била, придружуван од семејството.
Во изјава за Федералната телевизија (ФТВ) тој рекол дека погрешил затоа што во јуни многу доцна се пријавил кај лекарите. Тој има совет за граѓаните.
„За жал, мислам дека сите ќе мора да ја поминат короната, но мојот совет е да не чекате никого, ниту да слушате некого, туку веднаш уште при првиот симптом да се обратите кај лекар“. Тој ги повика луѓето да бидат одговорни, да се придржуваат до мерките и да го чуваат своето здравје.
Анѓелиќ поминал повеќе од три месеци во болници, неколкупати бил ставен и исклучуван од респиратор, а преживеал и клиничка смрт.
Во Босна и Херцеговина во изминатото деноноќие се потврдени 1.586 случаи на зараза со коронавирусот и дури 36 починати лица. Овие бројки се нови дневни рекорди од избувнувањето на епидемијата во оваа земја во март годинава.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.