Ги казнува своите вработени ако завршат во изолација
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 28 Октомври, 2020
Сопственик на хрватска компанија ги казнува вработените кои ќе завршат во самоизолација поради коронавирусот.
Ѓуро Хорват е сопственик на компанијата „Техникс“ кој на сите свои вработени им упатил допис дека ќе ги казнува доколку завршат во самоизолација.
На овие работници платата ќе им ја намали за 10 отсто.
„Донесовме мерка за дестимулирање на луѓето кои се во таков однос кон сопственото здравје и кон компанијата затоа што нѝ недостасуваат 20 луѓе. Истовремено, тие пари ги насочуваме на оние вработени и менаџери кои се здрави и кои одговорно се однесуваат, сакаме микроорганизација на свеста на сопствена одговорност. Сите мораме да се вклучиме, секоја локална заедница, компанија“, рекол Хорват за ХРТ.
Неговата компанија навистина ги казнила со 10 отсто од плата оние кои завршиле во самоизолација. Вели дека ако некој оди во кафуле и се зарази, тогаш сам го предизвикал тој дел од нездравиот живот.
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.378 нови случаи на инфекција со коронавирусот, а имаат и рекорден број на смртни случаи – 23.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.