Ги прашавме Србите дали попустите се мотив плус да летуваат во Македонија?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Мај, 2021 07:15
Српските туристички агенции засега се со поделени мислења за тоа дали оваа сезона ќе има интерес за летување во Македонија, но ги поздравуваат попустите кои се обезбедени овде за нивните граѓани.
Попусти од 20 отсто во хотелите во Охрид и Струга до крајот на годината, бесплатен паркинг и попусти во туристичко угостителските објекти во Дојран, но и ослободување од патарините од 15 јуни до 15 август, се привилегиите кои земјава ги нуди летово за српските туристи, во знак на благодарност за донираните вакцини.
„Има интерес за Охрид, и се надеваме дека ќе има доста резервации. Попустите се одлични, а укинувањето на патарините ги воодушеви граѓаните на Србија“, велат од туристичката агенција Check in travel од Ниш.
Oд туристичката агенција Center Travel Niš велат дека попустите се убав гест, посебно ослободувањето од плаќање на патарини, но засега нема доволен интерес за летување во Македонија. На луѓето им е важна и епидемиолошката состојба кога бираат дестинација за одмор.
„Со стабилизирањето на епидемиолошката ситуација, очекуваме дека повеќе од нашите клиенти ќе се интересираат за Охрид. Веројатно кога ќе биде времето поубаво во јули, август, ќе има и патувања. Се надеваме на успешна сезона затоа што луѓето се желни за патување“, објаснува Сања Божилов, од туристичката агенција Center Travel Niš.
Oд туристичката агенција Хан Травел од Владичин Хан велат дека е рано да се даде оценка дали има или не интерес за летување во Македонија.
„Многу е помал бројот на луѓе кои се интересираат за рана резервација на летни аранжмани, што е оправдано со оглед на неизвесноста на ситуацијата. Имаше нешто поголем интерес за посета на Охридското езеро за празниците, со факултативна посета на Тирана (причина беше што лани нашите граѓани беа заинтересирани за летување на албанското приморје)“, додаваат од Хан Травел.
Од агенцијата Travellino од Белград велат дека засега нема резервации за Охрид, а нивните граѓани очекуваат да се отворат границите за другите земји каде веќе се навикнати да одат на море како Грција, Бугарија, Хрватска и Турција.
Не е исклучена можноста до почетокот на летната сезона да има попусти и во други општини во земјава за српските државјани. Србија донираше Фајзер и Спутник вакцини за Македонија. Со вакцините донирани од Србија, почна имунизацијата во земјава.
Сања Атанасовскаfoto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





