26 Јуни, 2024
0.0295

„ГИ ПРАШУВАМЕ ЛАТАС И ЛАЗАРОВ ДАЛИ ДА СИЛУВАШ И ДА СЕ ФАЛИШ СО ТОА СЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ“ - Родовата платформа бара да се поднесе обвинителен акт

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Се огласи Платформата за родовата еднаквост во врска со интервјуто на новинарот Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазаров, кое предизвика брпојни контроверзи во јавноста. 

„Згрозени од изнесените информации и ставови од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас во првата емисија од поткастот на Стефан Лазаров, членките на Платформата за родова еднаквост реагираат за говорот во поткастот и бараат да се прекине неговото емитување. Сметаме дека поткастот го нормализира насилното однесување на родова основа преку искуствениот пример на Латас, што за него е вообичаен начин за стекнување прво сексуално искуство кај момчињата на 15 годишна возраст. Воедно ја осудуваме изјавата во медиумите на водителот на поткастот Стефан Лазаров кој не се огради од ваквата содржина, туку напротив го поддржа говорот на Латас. 

Емисијата, снимена со пренос во живо на 14.02.2023, на социјалната видео платформа Јутуб, бележеше над 125 илјади прегледи во изминатите 5 дена. Како Платформа за родова еднаквост сметаме дека големиот број на прегледи на оваа емисија влијае на јавното мислење, особено кај младите луѓе кои лесно можат да дојдат до заклучок дека „шамарање на девојка“, според изјавата на Латас и Лазаров, пред сексуален однос е сосема нормално однесување на момчињата и притоа не сносат никаква одговорност ниту последица за ваквиот чин. Иако во описот на поткастот се наведени правила дека не се дозволени говор на омраза и расизам, оваа емисија содржи токму ваков наратив. Затоа, како членки на Платформата бараме подкастот да биде избришан од оваа видео-социјална платформа и да се прекине со емитување на овој проблематичен поткаст“, се вели во соопштението од родовата платформа.

Натаму, како што велат од ова здружение, самата јавност посведочила дека Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров се поддржувачи на насилното однесување и омаловажување на жените во сексуалните односи. 

„Тие ги користат своите платформи за промовирање и нормализирање на насилството врз жените. Бидејќи се претставуваат како застапници за зачувување на „традиционалните вредности“, ги прашуваме Латас и Лазаров дали да силуваш и да се фалиш со тоа е вредноста која ја бранат и промовираат?! 

Ја поздравуваме реакцијата на Секторот за компјутерски криминал при МВР со доставата на известување до Основното јавно обвинителство – Скопје по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас. Бараме Обвинителството да постапи во законски рок и да поднесе обвинителен акт за Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. 

Апелираме до приватниот сектор кој го поддржува Стефан Лазаров и ги користи неговите услуги за рекламирање, да ја прекине соработката со него. Во спротивно, со нивната поддршка кон овој поткаст поддржуваат и овозможуваат ширење на мизогинија, родово засновано насилство, расизам и говор на омраза. Дополнително, во време кога во борбата против насилството врз жените, меѓу другото, е неопходно и подигање на јавната свест, јавните личности имаат посебна одговорност во справувањето со оваа реторика и промовирање на позитивни вредности кои ќе придонесат кон  искоренување на насилството, а не кон негово промовирање“, се вели во соопштението од платформата. 

Јутјуберот Стефан Лазаров се обрати до јавноста, затоа што два дена е топ тема во јавноста, поради контроверзноста на интервјуто со новинарот Драган Павловиќ-Латас. 

Лазаров во видеото објаснува кој е концептот на видеата. Тој се извини до јавноста. Но, пак спомена дека се работи за сериозна хајка. Прашува како неколку дена по објавувањето имало реакции. Вели дека е жално што се вадат работи од контекст. 

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“