22 Јануари, 2025
0.0271

ГИ РАЗГНЕВИ ЛИ ИЛОН МАСК ГЕРМАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ? Бараат да се укине АФД иако со нив никој не сака да коалицира!

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Откако 113 пратеници во Бундестагот поднесоа иницијатива за укинување на десничарската партија АФД, политичките аналитичари се во чудо затоа што нема одговор на прашањето: зошто се бара Уставен суд да укине политичка партија со која никој нема да сака да коалицира и таа нема шанси да стане дел од власта.

Сто и тринаесет пратеници на германскиот парламент „Бундестаг“ собраа петиција со која ќе бараат забрана за германската десничарска политичка партија АФД ( чие име во превод значи „Алтернатива за Германија“ н.з.), објави угледниот германски неделник Die Zeit (Дие Цајт односно во наш превод „Време“ н.з.).

Според информацијата на „Дие Цајт“ пратениците потписници на петицијата сметаат дека АФД го крши германскиот устав и претставува опасност на демократијата во земјата – најсилна европска економија.

Овој потег на германските пратеници, од кои најголем дел до скоро беа на власт, доаѓа откако Илон Маск, десната рака на новиот американски претседател Доналд Трамп, даде отворена поддршка на АДФ за претстојните избори. Освен тоа Маск на покани на разговор на својот подкаст кандидатката за премиер на АДФ Алис Вајдел која отворено заговара развластување на Брисел, решавање на мигрантите и повторно вклучување на германските нуклеарки за производство на струја.

Најголем дел од овие 113 пратеници се претставници на левицата „Дие Линке“ и на „Зелените“. Поддршка на нив за петицијата им дале 31 пратеник од  Социјалистичката партија (СДП) и шест пратеници на ЦДУ (порано најголемата германска политичка партија која ја претставуваше Ангела Меркел).

И што е сега најважно? Оваа иницијатива стартува на еден месец пред новите парламентарни избори во Германија. А на нив АФД веќе е втора најпопуларна партија со рејтинг од 20 отсто.

Тоа што сега следи е можноста уште идната седмица пред сите 732 пратеници во Бундестагот да се стави на гласање оваа иницијатива. Доколку добие одобрување тогаш ќе биде проследена како иницијатива за уникување на политичка партија до највисокиот германски односно до сојузниот Уставен суд.

Политичките аналитичари во Германија се изненадени од потегот на пратениците чиј мандат наскоро истекува. А поголем консензус има околу тоа дека ако се изгласа иницијатива за забрана на политичко постоење тоа само може уште толку да ја поттикне поддршката на населението за АДФ.

А речиси сите се едногласни во зачуденоста зошто се иницира укинување на политичка партија со која никој нема да коалицира и која никако не може да дојде на власт во Германија.

Останува да видиме што ќе гласаат пратениците во германскиот Бундестаг. Според официјалните податоци достапни на „Википедија“ овој 20 состав на Бундестагот има 732 пратеници и е најброен во германската модерна историја (на обединета Сојузна Германија н.з.). Бил конституиран на 21 октомври 2021 година. Во актуелниот Бундестаг седат 206 пратеници од СДП (партијата на Олаф Шолц премиер во оставка н.з.), потоа 197 пратеници на десната политичка алијанса меѓу ЦДУ и ЦДС, потоа 118 пратеници на „Партијата на зелените“ (ГРУНЕ н.з.), па 83 пратеници на АДФ односно Алтернатива за Германија и 39 пратеници на германската Левица.

Зошто политичките превирања во Германија се важни за Македонија?

Од една проста причина. Германија е најголем трговски партнер на Македонија. Таму оди над 40 отсто од целиот македонски извоз. И што е многу поважно со Германија го правиме најголемиот трговски суфицит. Таа како партнер е неопходна директно за нашата извозно ориентирана економија, непосредно и за сите нивни партнери во земјава. А индиректно е многу важна и за приливот на девизи од кои во голема мерка зависи одбраната на девизниот курс на денарот. 
За волја на вистината тука мора да се каже дека во првите 11 месеци 2024 година нашиот извоз во Германија е намален за 400 милиони евра. 

Повеќе детали од анализите на „Фактор“ за германската политичка сцена на следните линкови https://faktor.mk/na-kade-odi-germanija-na-anketite-za-premier-vodi-zena-shto-saka-da-gi-vkluchi-nuklearkite-da-go-razvlasti-brisel-i-da-gi-reshi-migrantite-

https://faktor.mk/zbogum-sholc-kakva-e-ponudata-pred-germancite-za-slednite-izbori-vo-fevruari

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА РЕНОВИРАШЕ ОВАЛНАТА СОБА: Го врати познатото црвено копче, за полесно да нарача сок

ТРАМП ЈА РЕНОВИРАШЕ ОВАЛНАТА СОБА: Го врати познатото црвено копче, за полесно да нарача сок

ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ДА ГО ФАТАТ? Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства

ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ДА ГО ФАТАТ? Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства

КРВАРЕЊЕ ОД ОЧИ, МНОГУ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА И СМРТНОСТ ОД 88 ОТСТО – ВИРУСОТ МАРБУРГ Е ОПАСНА ЗАКАНА: Избувна во Танзанија

КРВАРЕЊЕ ОД ОЧИ, МНОГУ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА И СМРТНОСТ ОД 88 ОТСТО – ВИРУСОТ МАРБУРГ Е ОПАСНА ЗАКАНА: Избувна во Танзанија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп потпиша наредби кои ќе донесат промени во САД, во Панама протест поради најавите за каналот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп потпиша наредби кои ќе донесат промени во САД, во Панама протест поради најавите за каналот

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица

ДАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Ниту една земја не може да се послужи со Гренланд

ДАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Ниту една земја не може да се послужи со Гренланд

МЕДВЕДЕВ: На светот не му треба златното доба на Америка

МЕДВЕДЕВ: На светот не му треба златното доба на Америка

(ВИДЕО) ЖИТЕЛИТЕ НА ПАНАМА СЕ БЕСНИ ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ЗА КАНАЛОТ: Го запалија американското знаме

(ВИДЕО) ЖИТЕЛИТЕ НА ПАНАМА СЕ БЕСНИ ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ЗА КАНАЛОТ: Го запалија американското знаме

(ВИДЕО) СО ВРЗАНИ ЧАРШАФИ ЛУЃЕТО СЕ СПАСУВАА ОД ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА: Брзаа да избегаат од огнената стихија

(ВИДЕО) СО ВРЗАНИ ЧАРШАФИ ЛУЃЕТО СЕ СПАСУВАА ОД ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА: Брзаа да избегаат од огнената стихија