Збогум Шолц! Каква е понудата пред Германците за следните избори во февруари?
Објавено во: Свет 18 Декември, 2024
Замина во историја најнепопуларниот германски канцелар во последните три децении. Германците се исправени пред изборот на две дијаметрално различни политички опции кои како да ги си ги смениле улогите и дискурсите на политичката сцена. Затоа што умерените христијани се за радикализација на војната против Русија, а радикалната десница која зема се поголем замав заговара запирање на војната во Украина и преформатирање на Европската унија во европска економска заедница. Очигледно и Германија, но и Европа ја чека „жежок“ февруари, месецот во кој ќе се одржат следните предвремени избори... И нам во Македонија не ни е сеедно што ќе биде во Германија – затоа што е наш најголем трговски партнер и наша најголема поткрепа која конзумира над 40% од македонскиот извоз
Германската, популарно политички наречена „семафор коалиција“, влада падна. И официјално повеќе од половината од 733 пратеници во германскиот Бундестаг му изгласаа недоверба на канцеларот Шолц. Ова беше очекуван и логичен потег по распадот меѓу коалициските партнери од кои неодамна една партија ја напушти владејачката коалиција. Распадот на германската влада се случи ден откако Доналд Трамп прогласи победа на изборите во САД.
Аналитичарите пишуваат дека Шолц посакувал да му биде изгласана недоверба затоа што неговиот, но и рејтингот на неговата партија особено во последниве две години значајно паѓа. По таа логика предвремените избори за два месеци се контролирана штета во однос на тоа изборите да бидат во октомври идната година.
Во едно сите аналитичари имаат консензус. Што и да се случи во февруари Шолц нема да биде канцелар (премиер на новата влада н.з.). Познавачите велат дека во втората половина од оваа година станал најнепопуларниот канцелар во последните најмалку три децении.
Само за потсетување Шолц како кандидат на партијата СПД ја замени легендарната Ангела Меркел, маркантна политичарка и лидер на ЦДУ, која беше на власт во Германија 16 години. Претходен канцелар на кој му беше изгласана недоверба беше Герхард Шредер во 2005 година, кога всушност и за прв пат победи Ангела Меркел.
Шолц на анкетите стои лошо подолго време, а тоа некои аналитичари го припишуваат на тоа што, за разлика од Меркел, лошо балансирал со германските интереси во контекст на американското воено и политичко влијание особено сега откако започна војната во Украина. Единствено што некои аналитичари го потенцираат како позитивно за Шолц е тоа што го издржа притисокот артикулиран низ неговите коалициски партнери и не дозволи украинската армија да ги користи „Таурус“ ракетите за напади врз руска територија.
Што се нуди на политичката сцена во Германија?
Партијата која изненадувачки забележа најсилен раст на репутацијата е десничарската АДФ (Алтернатива за Германија). Нејзин лидер е Тино Чрупала (Tino Chrupalla) кој настапува како остар критичар на војната во Украина.Освен тоа силно го критикува и американското влијае во Германија кое го опишува како штетно за германските интереси. Во неговото последно интервју во неделата за „Ди Велт“ истакнал дека НАТО моментално не е одбранбен сојуз и дека таа одбранбена заедница мора да почитува интересите на сите европски земји па вклучително и на Русија. Дури и наговестил дека тие како политичка опција одбиваат да ги спроведуваат интересите на САД.
АДФ во својот политички манифест дури и го отвара прашањето за истапување на Германија од ЕУ, а како одговор на тоа Чрупала кажал дека тоа е крајна опција која не мора да се случи доколку европските држави ја трансформираат ЕУ во економска заедница на држави.
Неговите ставови се оценуваат како радикално про-руски, а аналитичарите велат дека лидерот на АДФ така зборува затоа што сите други големи германски партии се децидни дека нема да коалицираат со него. Атоа му остава широк простор за радикализам и слобода во ектремните политички говори.
Според реториката АДФ е единствена што застапува ставови кои другите ги отфрлаат како про руски наратив. Дури во вербалната конфронтација со лидерот на ЦДУ, односно Фридрих Мерц, Чрупала вели дека тој што ќе гласа за Мерц ќе гласа за војна меѓу Германија и Русија.
Според последните анкети за изборите кои треба да се одржат на 23 февруари идната година најголема поддршка од гласачите има демохристијанската коалиција ЦДУ-ЦСУ. Таа е единствена политичка опција која на анкетите има поддршка од гласачите што е поголема од 30 отсто од испитаниците.
Втора партија според популарноста е десничарската АДФ која е под прагот до 20 отсто од испитаниците.
Трета е сегашната најголема владеачка партија односно социјалистите на Шолц со 16 отсто од испитаниците.
Независните аналитичари на германската политичка сцена велат дека по однос на прашањето кон руската агресија врз Украина Шолц е како миротворец во споредба со Мерц, лидерот на најпопуларната германска коалиција.
Како и да е, со оглед на поставеноста на силите на политичката сцена голема е веројатноста Германија да добие нова влада која ќе продолжи многу порадикално во однос на Русија од тоа што досега го правеше владата предводена од Шолц.
Што покажува најноваа анкета на ИНСА?
Според рејтинг агенцијата ИНСА, според податоците од 16 декември, најпопуларна германска политичка опција е ЦДУ-ЦСУ која има рејтинг од 31,5%. Втора политичка опција е АДФ со 19,5%, а трети се СДП (сегашната владеачка партија) со рејтинг од 16,5%. Партијата на Аналена Бербок, до неодамнешната министерка за надворешни работи, односно германските „Зелени“ се на четврто место според популарноста и имаат 11% од гласовите на испитаниците на анкетите. Анкетата која се прави ката-дневно е достапна на следниот линк https://www.wahlrecht.de/umfragen/insa.htm
Интересно е да се истакне и колку е голема поларизираноста меѓу гласачите од источна и тие од западна Германија. И тоа е своевиден политички куриозитет со голед на тоа дека токму источниот дел на Германија бил под руска управа од 1945 година па до падот на Берлинскиот ѕид во 1991 година. Анкетите покажуваат дека во тој дел од Германија АДФ е неприкосновен и има поддршка поголема од 30% од сите испитаници. Втор на истокот е политичкиот двоец ЦДУ-ЦСУ со 26%.
Во западниот дел на Германија состојбата на политичкото расположение е спротивна. ЦДУ-ЦСУ има поддршка од 35 отсто од испитаниците, а АДФ го поддржуваат 16 отсто од испитаниците.
На овој линк се достапни резултатите од анкетата „ЈуГов“ https://ygo-assets-websites-editorial-emea.yougov.net/documents/DE_20241114_Methode_Ergebnisse_Sonntagsfrage_November.pdf
Што ќе се случува на политички план во Германија во следните два месеци останува да видиме. Но повеќе од сигурно е дека германската зима барем политички ќе биде многу „жешка“.
Никола Стојанов
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.