18 Декември, 2025
0.0393

ГИ УКИНУВААТ ПЕЧАТИТЕ: ЕУ воведува нов граничен систем

Објавено во: Свет 19 Мај, 2025 20:10

Добивај вести на Viber

Европската Унија(ЕУ) воведува нов граничен систем, со што ги укинуваат печатите во пасошите и ќе фотографираат странци. 

Преговорниците на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за новата регулатива за Системот за влез/излез (EES), електронски систем што ќе го замени досегашното ставање печати во пасошите. По формалното одобрување од двете законодавни институции, Европската комисија ќе донесе одлука за постепено воведување на системот, со транзициски период од шест месеци.

EES е заеднички електронски систем на ЕУ кој ќе регистрира и складира податоци за датумот, времето и местото на влез и излез на граѓаните од трети земји кои ја преминуваат надворешната граница на ЕУ.

  • Автоматски ќе го пресметува времетраењето на дозволениот престој.
  • Ќе испраќа предупредувања до земјите-членки кога некој ја надминува дозволената граница од 90 дена во рок од 180 дена.
  • Ќе се примени кај лица со обврска за краткорочна виза, како и кај ослободени од виза но не се државјани на ЕУ.

Биометриски податоци и дигитална регистрација

Во рамките на системот:

  • Граничните службеници ќе фотографираат лица или ќе скенираат отпечатоци од прсти, особено при прв влез во ЕУ.
  • Овие биометриски информации ќе се складираат дигитално, што ќе овозможи следење на престојот на секој патник со странски пасош.
  • Системот ќе важи за влез во Шенген зоната.

Постепено воведување

Поради неподготвеност на дел од земјите, иницијалната имплементација на EES беше одложена. Сега се планира постепено воведување:

  • Во првите два месеци земјите ќе може да го користат системот без биометриски податоци.
  • По три месеци, најмалку 50% од граничните премини треба да користат биометрија.
  • До крајот на преодниот период, сите премини треба да бидат вклучени.
  • Во меѓувреме, печатите во пасошите ќе продолжат да се користат.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина