19 Декември, 2025
0.0505

„ГИ ЗЕДОВ ДЕЦАТА И ЖЕНАТА И ПОБЕГНАВ“ - Потресно сведоштво на сосед на убиецот од Хрватска откри детали за напаѓачот

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2023 08:38

Добивај вести на Viber

Шеесетгодишен маж кој живее на улицата Чапрашка Пољане во Сисак синоќа околу 20 часот и 10 минути вооружен со огнено оружје дошол во куќата на своите соседи и отворил оган кон нив. Убил 45-годишна жена, ранил неколку други, запалил две куќи и својата, а потоа избегал.

Набрзо бил уапсен и приведен во полиција каде ќе биде спроведена истрага. Плашејќи се дека ќе ги убие, луѓето се забарикадираа со мебел и бегаа низ прозорците кога мажот го започна своето крваво дивеење.

Соседите за Јутарњи лист изјавиле дека напаѓачот и претходно имал психички проблеми, а ги обвинил соседите дека го отруле. Живее сам во трошна куќа, нема жена и деца, а мештаните тврдат дека не е сиромав, туку „има пари, оти продал малку земја“.

- Видов чад, оган, луѓето велат „Бегај, овој човек доаѓа со пиштол и пука, ги пали куќите на луѓето“. Ги зедов децата, ја зедов сопругата и дојдов на безбедно место. Сега се вратив да видам што се случи. Ќе бидам мирен кога ќе биде уапсен. Работев со него цел живот, се познаваме и заедно пораснавме. Тој е многу постар од мене. Беше малку чуден, психички нестабилен, но не ми се верува дека ќе направи вакво нешто. И мојот колега беше застрелан, не знам што се случи со него. Имаше поединечни истрели - изјави Сеад, еден од соседите на напаѓачот за Јутарњи лист, додавајќи дека самиот не го видел напаѓачот.

Повреден е пожарникар, а со полесни повреди се здоби и едно дете кое е во бегство

Четириесет и петгодишна жена е убиена во пукање во ромската населба Чапрашке Пољане, а четири лица се ранети, соопшти полицијата во Сисак-Мославина рано наутро во неделата. Лекарска помош им е укажана во Општата болница Сисак, каде е констатирано дека се тешко повредени.

При интервенцијата на овој настан со полесни повреди се здобил пожарникар. Лекарска помош им била укажана на две лица, меѓу кои и едно дете, кои биле полесно повредени при бегството.

Во необичниот настан целосно изгореле две семејни куќи и еден автомобил, додека делумно изгореле една куќа и еден автомобил, соопшти полицијата.

Фото: Притнскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен