29 Септември, 2024
0.0262

Гигантите со заеднички сили одат напред

Објавено во: Економија 20 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Појавата од вторникот на твитови во резултатите од пребарувањето на Google може да бележи значаен чекор за Twitter, која е во постојана битка да ги убеди потрошувачите во вредноста на својата платформа. Google започна да пропушта твитови во своите резултати од пребарување на мобилни уреди, што е плод на соработката што двете технолошки компании ја потпишаа во февруари. Твитовите стануваат видливи во резултатите од пребарувањето во Google, благодарение на фактот што веб компанијата добива пристап до проток на податоци генерирани во Twitter со неговите половина милијарда пораки на ден. За Twitter трансакцијата може да донесе повеќе сообраќај кон неговиот сајт и во најдобар случај да ги натера корисниците на Google да станат корисници и на услугата за кратки пораки. Појавата на твитови во Google Search изгледа варира. На пример, кога некој го бара "Taylor Swift" на Google.com на англиски, може да наиде на петте топ твитови испратени од сметката на пејачката, но откако ќе бидат прелистани последните резултати за топ вести, претстојните настани и каталогот на нејзините албуми. За споредба, пребарувањето на "Карл Ајка" ги покажува најновите твитови испратени за активистот инвеститор, а не твитови испратени од неговиот сопствен профил, како што се појавуваат точно под вкупната биографски референца за него. Исто така се појавуваат и неколку приказни во пребарувањето. При пребарување на "takata recall" се појавуваат твитови од новинари и новински организации, испратени само секунди порано и се однесуваат на сервисната акција поради воздушните перничиња. Ако корисникот притисне некој од овие твитови, ќе биде пренесен до Twitter.com, каде може да се видат твитовите, или да се регистрира, ако нема сметка. Кај други пребарувања пак воопшто не се појавува ниту еден твит. По широката дистрибуција на содржината на Twitter во пребарувачот може да им помогне на луѓето кои не се корисници на социјалната медиумска платформа да разберат подобро како таа функционира. Влогот е во тоа дека Twitter обезбедува на Google пристап до еден од највредните средства - својата содржина и податоци, а ова ќе резултира во крајот до поголем сообраќај назад кон Twitter и повеќе нови корисници, што ќе и помогне на социјалната мрежа да порасне над нејзините 303 милиони активни корисници месечно. Зделката е копија на таквата спогодба склучена меѓу двете компании во 2009 година, што се разви две години подоцна. Според луѓето запознаени со прашањето, трансакцијата до овој момент не доведе до значен сообраќај кон Twitter ниту ги зголеми адекватно приходите или пак натера нови корисници да се приклучат на услугата. Не е јасно како и дали сега условите можат да бидат различни. Портпаролот на Twitter одбива да даде коментар. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија