05 Декември, 2025
0.0291

Гигантот се враќа во игра, ЕМО функционира!

Објавено во: Економија 18 Декември, 2012 08:49

Добивај вести на Viber

Одложен стечајот за ДООЕЛ-ите на ЕМО. За еден месец ќе се знае кои фирми ќе продолжат со работа Соња Јованова Наумовска Речиси во сите градови каде има претставништва на охридската компанија ЕМО беше одложено рочиштето на кое требаше да се расправа за отпочнување на претстечајна постапка за 46-те ДООЕЛИ на акционерското друштво. Рочиштата се презакажани за 16 јануари поради нецелосно доставени финансиски резултати на ЕМО до привремените стечајни управници, вели директорот Зоран Филоски. Тој за Фактор објаснува дека и покрај најновите случувања компанијата непрекинато работела. „ Остануваме на ставот дека ЕМО мора да остане со околу 500 вработени и со дејности кои се профитабилни а тоа се производство, монтажерски услуги, изведба на далеководи, монтажа на трафостаници, расклоп на техника, при што мора да имаме и  алатница за одржување на алати. Моментално има преку 40 правни субјекти-ДООЕЛИ кои се формирале по потреба, а со стечајните постапки планираме да останат околу пет  заедно со акционерското друштво. Инаку, ништо не е застанато, сите фабрики се обезбедени иако потешко набавуваме репроматеријали. Работиме и за извоз во Србија, Италија, Албанија, Бугарија..“, вели Филоски. Претседателот на синдикатот на ЕМО Драган Молкоски пак, вели дека претстечајната постапка покрената за ДООЕЛ-ите во Штип, Гевгелија, Кичево, Македонски Брод и во други градови во земјава е само полесен начин како да се избегне одговорноста за натрупаните долгови и неработењето на некогашниот гигант во производство на електро опрема. „Стечајот на ДООЕЛ-ите лесно ќе се заврши оти тие на манипулативен начин и беа отварани, во еден погон- неколку, што се правеше со цел вработените да не можат да си ги бараат побарувањата, оти тие правни субјекти немаат никаков имот, никаков капитал, основани со влог од 5.000 евра“, вели Молкоски. Според него, најверојатно ќе продолжат со работа најново формираните друштва кои би требало да задржат на работа околу 500 вработени, нешто што беше предвидено и со планот на Владата за спас на ЕМО. „Прашањето е само кои работници ќе останат, а тоа се знае дека партиски кадри ќе бидат. Сега дури ќе почнат притисоците“, додава Молкоски. Инаку, владиниот план опфаќа рационализација на непрофитабилните делови на ЕМО со што компанијата од близу 1.500 ќе се сведе на 500-600 вработени, при што беше ветено дека на сите работници кои ќе бидат отпуштени ќе им бидат исплатени заостанатите плати а за сите кои ќе бидат прогласени како технолошки вишок ќе добиваат надомест до пензионирање. Владата пред само четири дена стана доминантен сопственик на над 51 отсто од капиталот на ЕМО откако компанијата издаде акции во корист на Владата со кои беше пребиен долгот кон државата во износ од 4,16 милиони евра. Вкупниот број на акции на компанијата изнесува 75,8 при што Владата сега поседува 51,55 отсто од вкупниот број. ЕМО постои скоро четири децении и со некогашните над 3.000 вработени беше лидер во електро- енергетската гранка во регионов. Компанијата дури шест пати на тендер беше понудена на странски инвеститори но поради натрупаните долгови, сите обиди за продажба завршија со неуспех.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката