Добивај вести на Viber
Без електрична енергија утре ќе останат неколку улици во општините Ѓорче Петров и во Шуто Оризари соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Во известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, стои дека во периодот од 9 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Ѓорче Петров, но и жителите од улиците Антонин Дворжак, Гарсија Лорка, Виетнамска и Метохиска во населбата Шуто Оризари.