Ѓорчев за власта: Ниту една бандера не е поставена, ниту една шајка не е закована
Објавено во: Македонија 11 Април, 2018 15:28
Пратеникот Влатко Ѓорчев денеска во Собрание рече дека бил во многу општини и дека граѓаните се загрижени.
„Во последните пет дена, бев во пет општини во државата. Бев во Тетово, во Гостивар, во Аеродром, во Кисела Вода и во Центар. Се видов со многу луѓе и не сретнав човек кого не го боли џигерот за ова што се случува во државата. Оваа Влада потроши речиси една година. И ниту една бандера не е поставена оттогаш, ниту една шајка не е закована“- вели Ѓорчев.
Оваа е најнеспособната влада и таа треба што поскоро да биде минато – кажа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев од Собранието каде на дневен ред е интерпелацијата на Владата.
„Животот дојде навистина во Република Македонија, но само и единствено за владините и партиски функционери на СДСМ и на ДУИ и апсолутно за никој друг“- рече Данев. Тој обвини дека институциите се партизираат, а професионалците се бркаат од работа
Имаше критики за здравството, безбедноста, а пратениците од опозицијата велат дека во земјава не дошол „живот“.
Потпретседателот на парламентот Горан Мисовски од НСДП пак рече дека интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ не е издржана и дека методите на опозициската партија нема да бидат издржани сѐ додека ова нејзино раководство не се огради од, како што кажа, злосторствата што ги направи ВМРО-ДПМНЕ во претходните десет години владеење.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




