19 Декември, 2025
0.0671

Ѓорге Иванов: Помина уште една „шашава“ година за претседателот!

Објавено во: Македонија 01 Јануари, 2017 20:15

Добивај вести на Viber

Ѓорѓе Иванов годинава беше се’, а најмалку татко на нацијата. Тој наместо да одигра државничка улога во смирување на политичката криза, уште повеќе ја разгоре и предизвика огромни последици. Иако ретко кој очекуваше дека шефот на државата може да ја одигра улогата на обединител, и токму затоа на шега го нарекуваат „Фикусот“, сепак никој не помислуваше дека тој ќе го запали фитилот на динамитот.

Кога на 12 април најави обраќање до нацијата, она што го објави беше шокантно. Иванов обелодени дека ќе аболицира 54 лица, за кои имал информации дека Специјалното јавно обвинителство, води истраги. Најголем дел од нив беа од врвот на ВМРО-ДПМНЕ на чело со екс премиерот Никола Груевски.

Денот кога ги објави помилувањата, беше почеток на „Шарената револуција“, која застана во одбрана на работата на СЈО и побара оставка од Иванов.

„Секој ден во 18 пред СЈО“, беше договореното место и време од каде тргнуваа приврзаниците на „Шарената револуција“, кои секој ден стануваа се побројни. „Шарените“ го боеја Скопје 2014, а на мета беше и канцеларијата на Иванов во центарот во Скопје, која во еден од протестите беше целосно руинирана.

Иванов ја повлече аболицијата, но остана запишан во историјата како Претседател кој застанал во одбрана на криминалот, наместо на страната на правдата.

Претседателот не поднесе оставка, па опозицијата поведе постапка за импичмент на Иванов. Но, со надгласување во собраниската комисија, ВМРО ДПМНЕ не дозволи да помине предлогот на СДСМ и ДУИ, кои сметаа дека со одлуката за аболиција ги прекршил Уставот и законите.

Иванов во 2016 година слободно може да се прогласи како најтрагичен лик на политичката сцена. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки