Ѓорѓе Војновиќ е реизбран за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД
Објавено во: Економија 28 Септември, 2023 21:04
Собранието на акционери на Триглав Осигурување АД, Скопје на 61-та седница, одржана на 14 јули 2023 година, го реизбра Ѓорѓе Војновиќ за член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје со мандат од 4 години.
Одборот на директори на Друштвото на 201-ва седница на Одборот на директори, одржана на 14 јули 2023 година, го назначи Ѓорѓе Војновиќ за извршен член на Одборот на директори – Главен извршен директор, со тоа што Oдлуката влегува во сила на денот на донесувањето, а ќе се применува од денот на добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
„На ден 20.09.2023 година Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение со број УП 14-2-1030, со кое што се издава согласност за г-дин Ѓорѓе Војновиќ за вршење на функцијата член на орган на управување во друштво за осигурување. Одборот на директори на Друштвото на својата 206-та седница, одржана на 28.09.2023 година, даде согласност за склучување на Договор за работа на извршниот член на Одборот на директори“, информираат од Македонска берза.
Војновиќ продолжува да ја врши функцијата Главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




