Гласањето за мене значи израз на нашата слобода, тоа е како кревање рака, како барање збор!
Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2016 14:07
Гласањето за мене значи израз на нашата слобода, тоа е како кревање рака, како барање збор!
„Едно од поважните граѓански уставни права и должности е правото на гласање, па така на 11 декември планирам да излезам на изборите и да ја искористам шансата во одлучувањето на иднината на земјата во која живеам јас, моите деца и внуци. Сметам дека е тоа наше право, изборено, а не подарено. Би сакал секој од нас да ја сфати важноста на овој настан и да го направи својот избор затоа што политиката е важна работа. Чувствувам одговорност бидејќи не одлучувам само за мојот живот туку и за животот на нашите деца. Не сакам да оставам други да изберат за мојата иднина, затоа гласањето ни дава можност да одлучиме што е добро, а што лошо, што е исправно, а што неисправно. Јас верувам дека кога гласаме, не гласаме само за некого, туку гласаме за сопствена идеја и идеал. Ако не излезам на 11 декември, нема да можам да влијаам на нештата. Гласањето за мене значи заокружување на едно свесно дејствување и доколку ја пропуштам можноста да го искажам својот став тоа е како да не постоиш. Важно е да бидеме сплотени и да си покажеме дека не сме сами, туку дел од една заедница и да покажеме зрелост со тоа што ќе бидеме дел од нејзините одлуки. Гласањето за мене значи израз на нашата слобода, тоа е како кревање рака, како барање збор. Значи дека имаме што да кажеме. Ќе гласам, за да се чуе мојот глас и да не се фрли моето право. Во декември очекувам да покажеме дека сме совесни граѓани кои не ја изгубиле својата надеж и веруваат во подобра иднина.“
Томо Тасев 70 години, пензионер
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




