Гласините се остварија, Владата се договори со Жан Митрев
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 12:42
Гласините за јавно-приватно партнерство за детска кардиохирургија со клиниката „Филип Втори“ на Жан Митрев се се поблиску до сотварување, откако министерството за здравство постигна договор идната година интервенции на деца со најтешките срцеви мани да се одвиваат во таа болница, наместо како досега на Клиниката за детска хирургија.
Оваа одлука денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека со инфраструктурата која ја има таа болница ќе има одлични услови за лекување на тие деца.
Клиниката за детска хирургија е оптоварена со зголемениот обем на работа и бројот на пациенти, а целта е да се спојат експертизите во државното и во приватното здравство.
– Трошокот за овој договор ќе остане ист, услугите кои ги купува Фондот од Детската кардиохирургија, сега ќе ги купува од друго место. Очекуваме за ист трошок да имаме подобри услови за работа на лекарите, за престој на децата и нивните семејства. Ова е модел со кој сакаме докторите да ги задржиме во нашата земја. Додека не биде готов новиот Клиничкиот центар не можеме да исполниме инфраструктурни услови за нови методи, посебно за тие кои бараат мултидисциплинарен пристап, а тоа значи повеќе специјалности на едно место со цел да се направи нова метода и интервенција. Очекуваме дека со ова дополнително ќе бидат стимулирани докторите и медицинските сестри, нагласи Филипче.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




