Главашевиќ за Фактор: Негирањето на македонската историја, јазик и идентитет е спротивно од вредностите на ЕУ
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020
Независниот хрватски пратеник Бојан Главашевиќ вели дека загрижуваат националистичките пораки кои доаѓаат од Бугарија и се насочени кон Македонија.
Тој додава дека на Македонија местото секако и е во Европа, историски, културно и политички. Пратеникот побара од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ да даде поддршка на Македонија, нашата земја да биде заштитена од бугарскиот булинг, како што наведе тој, но одговор нема, а штом ќе го добие вели дека ќе го објави.
„Пристапниот процес е долготраен и политички бара многу, но отвора простор за големи и позитивни реформи и треба да се гледа како можност, а не како листа на барања. Хрватска го искористи својот пристапен процес за добробит на граѓаните, иако некои можности останаа неискористени, баш во пристапниот процес направивме голем напредок во антикорупциското законодавство, владини права, слобода на медиуми, но и некои економски можности за нашите претприемачи, посебно за извоз“, вели пратеникот.
Тој се надева дека во тој процес Македонија ќе има партнери, и дека Хрватска ќе биде пријател на Македонија. За бугарското вето вели дека е неоправдано.
„Што се однесува до бугарското вето, сметам дека е неоправдано, и дека претставува притисок за решавање на отворените билатерални прашања, а тоа е нешто што никако не смее да биде дел од пристапниот процес. Посебно загрижуваат националистичките пораки кои доаѓаат од бугарска страна, и сметам дека негирањето на македонскиот идентитет, јазик и историја е во спротивно со вредностите на кои се темели Европската Унија. Но, на граѓанките и граѓаните на Северна Македонија сакам да им порачам на тие пораки да не им придаваат важност, затоа што другите членки на ЕУ и тоа како го почитуваат нејзиниот културен, политички и јазичен идентитет“, додава Главашевиќ.
На македонските политичари им советува да не се впуштаат во расправии со бугарските колеги, туку по пат на дипломатија, и повикување на основните документи на ЕУ да се движат по европскиот пат.
Сања Атанасовскафото Фејсбук
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.