19 Декември, 2025
0.1173

Главниот преговарач Евклид Цакалотос фаворит за местото на Варуфакис

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 10:53

Добивај вести на Viber

Главниот преговарач на Грција Евклид Цакалотос е фаворит за функцијата министер за финансии на земјата, откако досегашниот Јанис Варуфакис изненадувачки се повлече. Оваа го објавил висок претставник на грчката владата, цитиран од „Гардијан“.

Според експертите назначувањето на Цакалотос, кој има дипломирано во Оксфорд и е една од најпознатите умерени фигури во „СИРИЗА“, за министер за финансии ќе ја зголеми значително шансата за договарање на договор со кредиторите и позитивен излез од политичката криза.

Портпаролот на грчката Влада изјавил дека новиот министер за финансии ќе биде прогласен по тековната средба со политичките лидери во Грција.

Дописникот на „Гардијан“ од Атина Елена Смит, смета дека лево ориентираната влада ќе се обидува да најде консензус за ова прашање.

Оставката на Варуфакис доаѓа неколку часа откако мнозинството од грчките граѓани ги отфрлија условите на меѓународните кредитори. На референдумот вчера 61,31% од гласачите се изјаснија против предлозите на ЕК, ЕЦБ и ММФ. Владата на премиерот Алексис Ципрас и самиот Варуфакис ги повикаа сонародниците да гласаат со „Не“ на вчерашниот референдум.

Во меѓувреме финансиските пазари реагираа со загриженост на се поголемата веројатност Грција да ја напушти еврозоната. Берзите на европските пазари забележаа пад од околу 2-3%.

Се очекува реакција од Западот и особено од позицијата на Германија и Франција по планираната за вечерва средба меѓу лидерите на двете држави.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен