07 Октомври, 2024
0.0358

Глигорова: Спрегата на извршителите стори финансиски геноцид врз народот

Објавено во: Македонија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Мора итно да се преземат законски измени кои ќе го заштитат македонскиот граѓанин од злоупотреби при извршување и присилна наплата на долгот бидејќи илјадници случаи имаат многу тешки последици како врз можноста должникот да функционира нормално со одредена сума на средства, така и да заглави во неверојатен вртлог на дополнителни трошоци и одлевање на многу пари кон извршителите, банките, нотарите и секако доверителот. Потребни се и сериозни правни битки за да се докаже силната неправда нанесена на многу граѓани кои за мал долг платите огромни трошоци за извршување, како и многу други видови на злоупотреби при што има луѓе кои со години се тужат затоа што им бил одземен целиот имот. Последните случаи кои ја разгневија јавноста се документи во кои се гледа наплата на долг од 1 денари со огромни трошоци за процедурата. За претстојните активности на граѓанските инцијативи за законски промени и ревизија на работата на извршителите разговараме со Ана Глигорова, една од најголемите борци за оваа кауза во Македонија, но истовремена и жртва на лошо спроведено извршување.

Фактор: Каде лежи главниот проблем, дали е тоа во законот, постојат ли шеми на злоупотреби и кој се е е вклучен во нив?

Глигорова: Спрегата на дооверител, нотар, судија, банка и извршител во последниве десетина години доведе до финанскиски геноцид на голем дел од луѓето во Република Македонија. Најгрубо е кршен уставот, во кој децидно е напишано дека Република Македонија е социјала држава. Законот кој го изготви минатата власт, потполно е неприлагоден за нашите услови на многу ниска просечна плата и пензија, и огромна невработеност. Покрај тоа што, истиот закон е неприлагоедн за оваа наша бедна социјална слика, истиот беше грубо кршен од страна на дел од извршителите. 

Фактор: Дали и најраливите категории на граѓани досега се предмет на злоупотреби, како на пример примателите на социјална помош при извршувањето?

Глигорова: Во членот 116 на Законот за извршување е децидно напишано дека примателите на социјална помош  и слични категории се изземени од извршување, ним им е покрај тоа извршувано. Кога истите примaтели на социјална помош доаѓале во канцелариите на извршителите и носеле доклументи за својот статус, биле убедувани  да плаќаат на неккави рати, и покрај изземеноста според законот. 

Фактор: На кој начин најчесто се вршат штети врз должниците со цел да се стигне до присилна наплата на долгот и зголемување на пропратните трошоци кои завршуваат кај извршителите?

Глигорова: Спротивно со законот, земани се и цели плати, а не само една третина која е децидно напишана во законот. Доставата е посебна приказна,. Пред да извршат странките многу често не биле воопшто известени за исвршното решение, туку блокирани, па и во банка морале да платат за одблокирање. Блокирањето никаде не е спомнато во Законот за извршување, па овој факт е во спротивност со ЗПП каде се спомнуваат на едно место, многу конфузно. 

Фактор: Кои се вашите конкретни барања?

Глигорова: Ние, како граѓански здруженија  испративме писмо до националниот совет за платен промет на Народна банка на Република Македнија, како главно регулаторно тело на платниот промет  кое има законски овластувања за надзор, веднаш без одлагање  да ги превземе законските надлежности и воспостави ред во овој неподнослив ужас на блокирањето на физичките лица, од страна на  приватните банки,. Одговорот се уште го чекаме. Нашите барања привремено да се стопира извршувањето подари ревизија на работата на извршителите, нотарите, доверителите и банките, утврдување на  реалниот и нереалниот долг останува. 

Предлог законот за извршување кој го добивме од страна на Министерството за правда е речиси ист со веќе постојниот, и ние, како граѓански здруженија не сме задоволни. Во Македонија се кршат основните човекови права, луѓе живеат во 21 - век без струја и вода, немаат пари да купат лекови и храна поради страшниот арач на чиновничката каста., кои преку ноќ од службеници станаа капиталисти и монопол кој е недопирлив.  Спротивно на уставот е создавање на монополи. Чекаме собраниска расправија, а подготвени сме на социјаен бунт, протести со кои ќе бараме, покрај мораториумот на извршните одлуки, ревизијата и враќање на извршителите во контекст на судската власт.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил