Добивај вести на Viber
Изборот е направен врз врз на критериумите пораст на актива, профитабилност, стратегиски односи, услуги за клиенти, конкурентни услови и иновативни производи.
Уредниците на магазинот Global Finance во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти, а врз основа на критериумите пораст на актива, профитабилност, стратегиски односи, услуги за клиенти, конкурентни услови и иновативни производи, го направија изборот на најдобри банки во 22 земји во развој од Централна и Источна Европа за 2013 година.
Наградата за „Најдобра банка во Македонија за 2013 година“ магазинот Global Finance и ја додели на Комерцијална банка АД Скопје. Комерцијална банка АД Скопје е десет години по ред носител на наградата за „Најдобра банка во Република Македонија“ доделена од овој магазин.
Оваа награда претставува уште една потврда за нашата силна домашна и меѓународна репутација и потврда за нашиот успех, кој воедно е и успех на нашите клиенти.