Глутница бездомни кучиња нападнале жител на Гостивар
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2018 12:18
Гостиварец завршил во болница откако синоќа бил искасан од бездомни кучиња на неколку места по телото. Според СВР Тетово, каде што бил пријавен случајот, Д.М. (27) додека се движел околу 23 часот низ паркот спроти Средното општинско економско училиште, бил нападнат од петнаесетина кучиња бездомници. Три од чопорот се нафрлиле на него и го собориле на земја и при тоа го гризеле во долниот дел од грбот. Откако успеал да се оттргне и да избега, Д.М. се упатил во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош. Од почетокот на годинава, регистрирани се петнасетина вакви случаи.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




