ГНЕВЕН НА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОН, МЛАДО МОМЧЕ СИ ЈА ИСКИНА ДИПЛОМАТА ОД ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ: „Се срамам каде сум завршил факултет!“
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2023
Бурни реакции во јавноста предизвикаа измените на Кривичниот закон, со кои се предвидуваат намалување на казните за носителите на јавни функции.
Умејр Муамеди, кој е активист за граѓански права, револтиран заради измени кои во собрание поминаа со европско знаменце, си ја искина дипломата за која учел на Правниот факултет.
„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна.“ напиша тој.
ФОТО: Фејсбук профил