10 Декември, 2024
0.0285

Го дави ли некој ГТЦ во калта? Во две години од резервите испарија 1,2 милиони евра!

Објавено во: Економија 05 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Народски да се изразиме ГТЦ по последната одлука на акционерот е без резервна гума, без појас за спасување. Во период од две години статутарните резерви на некогашната скопска гордост се намалија од 1,44 милиони евра на 260.000 евра. Ако годинава не ја затворат со добивка во работењето црно им се пишува. Загубата на ГТЦ во изминативе три години (кумулативно) изнесува 1,9 милиони евра!

Тешки денови претстојат за некогашната скопска гордост Градскиот трговски центар (ГТЦ). Најновата вест од таа државна компанија, загубар три години по ред, е тоа што акционерот одобрил друштвото да ја намали својата статутарна резерва за 600.600 евра со кои ќе ја покрие загубата од ланското работење.

Да, тоа е мерка која може, но и не мора да се превеземе доколку компанијата треба да покрива загуба. Не мора затоа што во принцип прво доколку возможно се користи можноста да се намали акционерскиот капитал пред да се посегне по статутарните резерви.

Но еве акционерот Јавното претпријатие за стопанисување со деловен простор на 30 август годинава одобрил статутарните резерви на компанијата да се намалат за дополнителни 600.600 евра со кои ќе се покрие загубата од работењето во 2022 година. Остатокот од 46.000 евра (од загубата што лани изнесуваше 647.000 евра) ќе остане непокриен.

Официјални и јавно достапни податоци покажуваат дека статутарните резерви на компанијата се значајно намалени. Со оглед на тоа дека на крајот на 2022 година, според податоците од извештајот на независната ревизија, статутарните резерви биле 861.000 евра, на крајот на 2023 година ќе останат само 260.000 евра.

Тоа значи дека ако компанијата годинава не заврши со добивка од работењето проблемот ќе биде да се биде или не (макар и сметководствено). 

Сепак за да не излезе дека само мрачиме и дека не е се така црно вреди да се истакне дека по првите девет месеци годинава ГТЦ покажал добивка од 228.000 евра. Доколку остане така ГТЦ макар и привремено ќе може да земе здив и ако има услови и политичка воља да се реорганизира и консолидира. Со тоа да направи обид да воведе самоодржливо работење кое нема да продуцира постојано загуби.

Според официјалните податоци достапни на веб страницата на Македонската берза, ГТЦ во период од три години (2020, 2021 и 2022 година) постојано работел со загуба. За трите години загубата на ГТЦ кумулативно изнесува 1,9 милиони евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ТЕЖИ“ НАД 6.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Собранието го усвои дополнетиот државен буџет за догодина

„ТЕЖИ“ НАД 6.5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Собранието го усвои дополнетиот државен буџет за догодина

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

ЌЕ ОТВОРАТ 200 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Швајцарската „ДМ Бау АГ“ ќе инвестира во зоната кај Куманово

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

АКО САКАТЕ ДА СТАВАТЕ ГОРИВО, ПОЧЕКАЈТЕ: Нови цени од утре

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

Модернизација на мрежата на МЕПСО: Со поддршка на ЕБОР, Македонија поставува основа за паметна енергетска мрежа

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Нова ера на унгарско-американската соработка во областа на напредните технологии

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

Николовски: Зголемена наплата на приходи од увоз на цигари

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот