ГО ДРЖЕЛА ЗА РАЦЕ ВО ВОЗДУХ 15 МИНУТИ - како турската скијачка го спаси младото момче
Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2020 14:01
Сила Кара, деветнаесет годишна турска скијачка му го спасила животот на 12-годишно момче во словенечкиот ски-центар „Крвавец“.
Ова го соопшти Скијачкиот сојуз на Турција, од каде навеле дека скијачката го спасила момчето во текот на своите подготовки. Детето што седело покрај неа на жицницата, изгубило рамнотежа. Таа го фатила во последен миг и спречила да падне од голема височина. Го држела цели 15 минути детото за раце додека висело во воздух.
Откако Кара го спасила момчето, словенечките новински канали ја барале преку телевизија. „Најдете ја оваа херојска девојка“, биле нивните извештаи.
Кара вели дека е нејзина должност да спаси човечки живот и дека е многу среќна што тоа го направила.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




