20 Декември, 2025
0.0452

Го „олади“ ли Ахмети Мицкоски за идно коалицирање

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2019 21:44

Добивај вести на Viber

Без почитување на договорите со Грција и со Бугарија и на Рамковниот договор, односно Законот за јазици, никој да не се надева дека ќе му бидеме партнер во Владата. Ова беше пораката која најгромогласно одекна од четвртиот Конгрес на ДУИ. Тоа всушност значи дека без овие три услови, никој не требада очекува евентуална коалиција со ДУИ за идна влада.

Со оглед што СДСМ ги прифаќа овие услови, речиси е извесно дека оваа порака е упатена до ВМРО-ДПМНЕ, и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. 

Тој, пак, денеска на партиски собир „Обновата доаѓа“, рече дека Заев ќе биде премиер уште 13 дена, а на изборите ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата постојано нагласуваат дека според анкетите, тие ќе имаат водство на изборите.

Дали Ахмети сега им порачува дека ќе мора да ги омекнат ставовите, доколку сакаат неговата партија да им биде иден коалиционен партнер.

А, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при вчерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат, не се помести од познатите ставови на партијата против Договорот од Преспа, против Договорот со Бугарија и законот за јазици во формата во која е усвоен.

Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прифати условите на ДУИ.

„Има два начина да се направи тоа: првиот е да освоиме двотретинско мнозинство за да можеме да пристапиме кон промена на Уставот и да го вратиме старото име. Доколку граѓаните не ни дадат толкава поддршка, треба да направиме брза серија на реформи, да ја ставиме Македонија на брза лента, да се обидеме во скоро време да станеме членка на Европската Унија и кога ќе сме на иста маса со Грција, да пробаме да ги менуваме работите“, рече Николоски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки