ГО ОШТЕТИЛ БУЏЕТОТ: Кривична пријава „заработи“ Влатко Поповски
Објавено во: Македонија 11 Април, 2018 17:25
Против поранешниот директор на Агенцијата за вработување (АВРМ) Владимир Поповски е поднесена кривична пријава од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
Тој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување за три работи, меѓу кои и тоа што на своја рака, без одлука на Управниот одбор на АВРМ дал четири возила на користење на Министерството на труд и социјална политика и овозможил точење гориво во нив на сметка на Агенцијата.
Според полицијата, Поповски во периодот од 28.10.2015 до 30.10.2016 година, спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила на Агенцијата, и без одобрување од Управниот одбор, со Договор за меѓусебна техничка соработка со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и му отстапил на користење четири возила сопственост на АВРМ.
Поповски дал на користење и картички за гориво со одреден лимит за две бензински пумпи, а за да го овозможи тоа издал и дупли идентификациски картички со идентитет на возачите во АВРМ, но без нивно знаење. Со тие картички, во периодот од 28.10.2015 до 30.10.2016 година, е полнето гориво во вкупен износ од 427.817 денари на штета на буџетот на Република Македонија. Со ваквите дејствија, Поповски го оштетил државниот буџет за вкупен износ од 844.121 денари или 13.725 евра.
Третата работа за која што се товари поранешниот директор на АВРМ, Владимир Поповски, е дека во 2016 година, спротивно на Законот за јавни набавки, без спроведена законска постапка, со правно лице договорил градежни и завршни работи за санација на објект, со што правното лице незаконски се стекнало со имотна корист од 416.304 денари (6.760 евра), на штета на државниот буџет.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




