Го победија коронавирусот, но и рецесијата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 18 Декември, 2020
Во Нов Зеланд го победија коронавирусот, а воедно излегоа од рецесија.
Земјата и официјално излезе од рецесијата поврзана со пандемијата на коронавирусот откако забележа рекорден раст од дури 14 проценти во третиот квартал. Нов Зеланд има намалување на бруто домашниот производ (БДП) за 11 проценти во вториот квартал. Во наведениот период, земјата беше во карантин.
Министерот за финансии Грант Робертсон изјави дека драматичниот пресврт се должи на успехот на Нов Зеланд во борбата против коронавирусот, кој бележи само 25 смртни случаи во земја со пет милиони жители.
„Економското закрепнување е резултат на нашата одлука да дејствуваме силно и брзо за време на пандемијата на Ковид-19. Планот за субвенционирање на платите поддржа над 1,8 милиони работници. Инвестиравме милијарди долари во инфраструктура, обука и создавање работни места“, изјави министерот Робертсон.
Институтот за статистика на Нов Зеланд, објави дека услужните дејности се движечката сила на овој силен раст, со 42,8 отсто зголемување на услугите за малопродажба, сместување и храна, затоа што жителите на Нов Зеланд се вратија во речиси нормален живот по успешната апстиненција.
Нов Зеланд е единствената земја во светот што досега целосно го елиминираше вирусот корона.
Според премиерката Јакинда Ардерн, оваа цел е постигната поради самата амбиција, но и поради внимателниот пристап, бидејќи дури и на почетокот на пандемијата, беше заклучено дека здравствениот систем нема да може да се справи со прогресивната епидемија, објави АП.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.