23 Ноември, 2024
0.0250

ГО ПРЕЖИВЕАЛ И ШПАНСКИОТ ГРИП, А СЕГА И КОВИД-19, 101 годишен старец од Римини пуштен од болница

Објавено во: Корона Вирус 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Еден 101-годишен маж беше пуштен од болница, откако се опоравил од КОВИД-19. Ова го објави заменик градоначалникот на италијанскиот град Римини, Глорија Лиси. Старецот, идентификуван само како „господин П.“, бил примен минатата недела во болницата во Римини во североисточна Италија, откако бил тестиран и се покажало дека е позитивен на вирусот дд кој страда светот.

Тој беше ослободен од болницата во четвртокот. Покрај тоа, рече градоначалникот, ова е „навистина извонредно“ и дека таквото закрепнување од човек, стар повеќе од сто години, ќе даде „надеж за иднината“. 

Овој старец е роден во 1919 година, истиот период во кој косеше шпанскиот грип, пандемијата во која починаа приближно 30 до 50 милиони луѓе на глобално ниво. Тој израснал меѓу Првата светска војна и Втората светска војна и сега, се покажа дека е најстариот пациент кој се опоравил од КОВИД-19 во Италија.

Инаку, во пандемијата од шпанскиот грип, која во 1918 година почнала да го напаѓа и неговиот град, во следните години животите ги изгубиле 600.000 Италијанци, но овој стар господин тогаш бил поштеден.

Еден век подоцна, или после 100 години, г-дин П. ќе се најде себеси затворен во болница, навидум, враќајќи се таму каде што започна тогаш. По неговото затворање во болницата, здравствените работници биле прилично безнадежни, бидејќи КОВИД-19 најтешко ги погодува луѓето над 65 години.

Иако, според Лиси, откако најстариот пациент започнал брзо да закрепнува, тој се покажал како приказна за која секој човек во болницата би сакал да зборува. Заменик-градоначалникот додаде: „Сите видоа надеж за иднината“, тоа е надеж за целиот свет кога ќе се случи да закрепне сто и едногодишно лице.

И, како што објасни заменик градоначалникот, семејството на господинот П го однеле дома, за да им одржи на сите лекција дека дури и на повеќе од сто години, иднината „допрва треба да се напише“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.