„Го снема“ Џулијан Асанж
Објавено во: Свет 25 Декември, 2017
Твитер профилот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж синоќа исчезна, а корисниците на социјалната мрежа се збунети и се прашуваат што се случило.
Неколкумина корисници оценуваат дека Асанж го избришал Твитер профилот, а некои сметаат дека компанијата Твитер го суспендирала.
Профилот @JulianAssange не постои, а причината е непозната.
Сепак, мали се шансите Твитер да го суспендирал профилот на Асанж, затоа што тој не спаѓа во поединците чии налози ги деактивира социјалната мрежа.
Твитер на 18 декември постави нови правила за суспензија на налози, според кои ќе биде отстрането секое лице поврзано со групи кои поттикнуваат омраза.
Корисниците на социјалните мрежи изразија загриженоста за безбедноста на Асанж, затоа што неговиот профил исчезна само неколку денови по наводната кражба во канцеларијата на Викиликс во Мадрид.