ГО ТРЕТИРААТ КАКО ХЕРОЈ ВО СРБИЈА - ја победи короната и направи нешто за што му се заблагодари и премиерката
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 13 Април, 2020 10:04
Предраг Џелевски е првиот донатор на крвна плазма во Србија откако се опорави од болеста КОВИД-19.
Во моментов таа држава се потпира на терапија со плазма во крвта како лек за коронавирусот, и затоа таа се третира како да е вредна злато.
Џелевски беше првиот донатор во саботата во белградскиот Институт за трансфузија на крв, во надеж дека ќе започне само „лавина“ и дека повеќето од другите излечени од короната ќе ги следат по неговите чекори.
„Сите беа исклучително љубезни, а во еден момент телефонски ми се јави и премиерката Ана Брнабиќ, што многу ме изненади. Таа ми се заблагодари што дојдов да дадам крвна плазма од која ќе се земат антитела, од кои, пак, ќе се прават серуми со кои ќе им се помага на пациентите за да оздрават“, изјави Џелевски.
Крвна плазма може да се даде три недели по вториот негативен тест што ќе го направи пациентот.
„Советувам секој што може, да го стори ова и да донира крвна плазма, затоа што таа помага да се лекуваат другите луѓе. Инаку мојата порака е да останете дома - почитувајте ги мерките, бидејќи луѓето од короната умираат“, додаде Предраг.
Патем, Џелевски не сакал да открие дека за време на третманот бил „цимер“ со претседателот на Фудбалската федерација на Србија Славиша Кокез.
Кокез, сепак, подоцна зборуваше за неговиот нов пријател Предраг, најавувајќи дека не може да дочека да биде донор на плазма на крв како него.
Фото: Курир.рс
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





