19 Декември, 2025
0.0354

Го вовлече ли Грција и ММФ во хаос!?

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2015 07:28

Добивај вести на Viber

Во вторникот вечер бевме сведоци на кратка порака од Вашингтон. "Можам да потврдам дека задолжената транша од околу 1,5 милијарди евра од Грција не е добиена", изјави Гери Рајс, портпарол на Меѓународниот монетарен фонд малку по 1 часот по македонско време. На овој начин земјата е во долгови и не може да прима повеќе помош од Фондот, додека не го отплати износот. Со тоа буквално за една ноќ се згасна речиси 70-годишниот кредитен систем на ММФ, кој досега отфрлаше слична можност како нешто незамисливо. Грција стана првата развиена земја, која не го испочитува крајниот рок на плаќање. Притоа станува збор за историски рекорд на износот, пишува во својата анализа Der Spiegel. Така западнатата во криза држава слета во неславн друштво на сиромашните членки на ММФ, кои се во долгови, како Ирак, Судан, Зимбабве, Хаити, Сомалија, Босна и Авганистан. mmf1 Сега на ММФ му се заканува да западне исто во хаос. Слична деликатна ситуација не беше очекувана и планирана, таа е преседан. А згора на тоа Грција должи на Фондот сега 6,2 милијарди долари до крајот на 2015 година и уште 26 милијарди долари во наредните десет години. Според пресметките на американскиот тинк-тенк Council of Foreign Relations износот е повеќе од четири пати над вкупниот износ на останатиот заостанатиот долг кон ММФ - пари кои експертите едвај можат да замислат дека Атина некогаш ќе ги врати. Барем уште има надеж да се случи некогаш. Според Фондот, во последната минута Атина замолила за одложување на плаќање на рати. Директорите ќе одлучуваат дали да го задоволат барањето во скоро време. Случката е сериозен удар на ММФ, еден од тројцата јавните кредитори на Грција, која му должи речиси 21 милијарди евра (околу 23,7 милијарди долари). Тоа се 27% од сите дадени од ММФ кредити на паднатите во криза земји. Вкупните кредити за европски земји изнесуваат две третини од вкупниот волумен, ако се додадат и износите исплатени на Украина и Португалија. Останатиот износ спаѓа на други земји, меѓу кои и доста сиромашни. Ако неплаќањето на транши е привремено, тоа ќе остане само еден непријатен спомен, кој сепак нема да е нов за специјалистите на институцијата. До 90-тите години постојано се доаѓаше до одложувања, иако не до значителни доцнења. Сомалија, Судан и Зимбабве се едни од земјите кои имале одложувања по своите транши. Дали ќе дојде само до доцнење или до сериозно задоцнување, не е јасно сега. Со висока сигурност може да се тврди дека во опасност не се само оние 1,7 милијарди долари, но и голем дел од 24 милијарди долари. Евентуално неплаќање на таква сума сепак ќе е нешто сосема ново за фондот. Дури и таква загуба институцијата може да проголта, смета Десмнд Лахман од American Enterprise Institute, бидејќи за време на финансиската криза средствата и можностите за акција на Фондот беа значително повисоки. Но, посериозен ризик крие загубата на доверба. А слична загуба може да доведе до значителни материјални последици, ако во иднина политичарите откажат да се согласат на зголемување на средствата или на структурни реформи предложени од Фондот. ММФ ја помага Грција пет години и може да биде принуден да го отпише највисокиот кредит, кој некогаш е обезбеден. Во нормалните компании при таков ужасно сценарио "би паднале глави", а водечките менаџери би биле принудени да си заминат. Но, дури и политичка организација, како ММФ, ќе биде конфронтира со тешки прашања - дали било мудро да се дава толку висока сума на една земја и како така структурната програма не успеа. Акционерите во Фондот ќе сакаат да знаат како стручњаците на организацијата не успеале да го предвидат падот на грчката економија, вели Лахман. Нели токму затоа им се плаќа? Експертите го предвидоа неуспехот од подолго време. Уште во мај 2010 година бразилскиот економист Паоло Ногеира Батиста, кој претставува единаесет земји од Латинска Америка во Управниот одбор на ММФ, предупреди за првиот во тоа време во милијарди заем на Фондот за Грција: "Ризиците на програмата се огромни". Според него постои опасност да се покаже дека "спасувачката програма е лошо замислена и на крајот - неодржлива". "Имам значителни сомнежи во врска со применливоста на програмата", изјави и директорот на ММФ Рене Вебер исто во тоа време. На пример прогнозите за раст на Грција биле премногу "пријателски". Аргентинскиот колега Пабло Андрес Переира се согласува со неговото мислење "Многу веројатно е Грција по завршувањето на програмата да е дури полошо отколку што е сега ". И покрај сите проблеми и предупредувања сепак ММФ даде зелено светло за кредитниот пакет на во тоа време практично банкротираната земја. Тогашниот директор на Фондот Доминик Штрос-Кан ја наметна својата волја над своите најблиски советници - очигледно и со оглед на својата кандидатура за претседател, која сакаше да ја направи. Но и овој план не се случи - една година подоцна Штрос-Кан беше обвинет за силување во Њујорк, беше принуден да ја напушти функцијата во ММФ и се откажа од каква и да е политичка кариера. Сега неговиот наследник - Кристин Лагард, треба да ги вади костените од огнот. Поранешниот министер за финансии на Франција е контроверзна фигура уште при влезот на функцијата во 2011 година. Некои експерти се сомневаа дека таа може да ги управува глобалните економски кризи - прогноза, која сега може да биде реалност. Во Грција ММФ се мразеше пред сè поради инсистирањето за строги буџетски ограничувања. Спорни сепак се и предназначенијата на кредитите на Фондот. Мал дел од доставените од ММФ кредити и биле од вистинска корист за Грција - повеќето пари се влезени во банките – кај кредиторите. И тука бразилскиот економист Батиста упатува силна критика. Тој ја нарекува политиката на Фондот во однос на Грција "неуспех" и инсистира на реформи во организацијата. Тие сепак не можат да се одржат со години - поради отпорот на САД. Американскиот претседател Барак Обама се вмеша во кризата во последните часови. Во вторникот тој имал телефонски разговори со британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд, за да ги охрабри "во последен момент да најдат пат кон решение". Белата куќа секогаш истакнува дека кризата со Грција претставува прашање за националната безбедност и на САД. Со 18% САД се најголемиот акционер во ММФ. Значи тие имаат право на вето над сите важни одлуки. А денес бирократијата на Фондот поминува на ново ниво, како што заповеда дебелата од 1000 страници регулаторна книга на организацијата. Затоа и сегашната затезна камата на плаќањето не е крај. Сега ММФ ќе се обиде заедно со грчката Влада да најде начини тоа задоцнување да биде компензирано. Реструктуирање на долгот, беше разговарано само зад затворени врати, сега изгледа речиси неповратно - за ужас на Германија, која ќе треба да отпише дел од кредитите. Обработка: К.К. Извор: Der Spiegel

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен