„ГО ВОЗНЕМИРУВАМ ЧОВЕКОТ КОЈ СМЕТАМ ДЕКА Е НЕПРАВЕДНО ОСУДЕН“ - еве што порача Палевски од судницата
Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 18:59
На денешното судење на петмината обвинети во случајот на убиствот0 на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, на обвинителната клупа седеше таткото на Вања Александар Ѓорчевски.
Најпрво испрашувањето денеска го водеше обвинителката, при што го прашуваше за детали за дента на исчезнувањето на Вања, но и за потрагата по неа и неговите активности при истрагата која ја правел заедно со кумашинот и сведок Гоце Трајковски.
Откако завршија нејзините прашања, со прашања излезе првообвинетиот Љупчо Палевски - Палчо кој иако имаше повеќе прашања за таткото на Вања, за поголемиот дел остана без одговори.
„Немам коментар“ беше одговорот на повеќето прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања.
Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски.
- Јас како што веќе кажав, ниту ве знам ниту ве познавам, прв пат ми бевте посочен во полициската станица како монструм, прв пат ве видов тука во судницата, за прв пат во живот, никогаш не сум контактирал со вас, ниту пак познавам од втора рака човек што ве познава вас, вклучувајќи го и моето семејство и би сакал да искористам, ако постои такво право, да не одговарам повеќе на ваши прашања, секој мој нареден одговор ќе гласи исто - рече тој.
Судот одлучи испитувањето да продолжи, а Александар на секое наредно прашање од Палевски, одговори со „немам коментар“.
Помеѓу прашањата, имаше прашање „дали сте чуле од таткото на Зорица, Ванчо Лазаров, или кој било сопственик на станот дека имал каков било проблем со мене во врска со предметните станови“ и „доколку јас и вие сме биле во дослух од користољубие како причина, да ја примораме Зорица Ѓорѓевска да даде пари како што е наведено во обвинението нели е логично да биде убиена Зорица Ѓорѓевска, а не Вања Ѓорѓевска, како законски старател ќе наследите сѐ, ќе се реализираше користољубието затоа што двете деца се малолетни, така ли е“.
По неколку „немам коментар“, Палевски искоментира дека, како што рече „поради човечки однос ќе престанам со прашања бидејќи Ѓорчевски е вознемирен“, на што бранителот на таткото на Вања, посочи дека може слободно да продолжи.
- Бидејќи обвинетиот Александар Ѓорчевски е возбуден ќе престанам со прашањата. Се работи за човечки однос. Завршено е со мене. Не сакам да поставувам прашање кога го вознемирувам човекот за кој сметам дека е неправедно осуден - рече Палевски.
Потоа постави прашања во насока на тоа зошто ниту во обвинението, ниту во прашањата од обвинителството не се споменува час на испратени пораки.
Прашан „Во колку часот сте пратиле порака на децата да се облечат заради ниските температури, затоа што намерно, во текот на целата истрага, не се користи часовник, туку само денови општо, а многу е важно заради изјавите кои ги давале другите обвинети, а се единствени причини вие да бидете обвинет, затоа сметав дека е важен часот затоа што сте неправедно обвинет“, одговори „немам коментар“.
Останатите обвинети и одбраната, како и Судот, немаа прашања за Ѓорчевски.
Претходно, таткото на Вања одговараше на прашања од Обвинителството кое се обидуваше да го дисквалификува. Тој одговараше на вкрстени прашања поврзани со неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа. Ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања.
Судењето продолжува в понеделник, на 14 април, со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Фото: Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира
ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки
