„САКАВ ДЕЦАТА ДА СЕ ОБЛЕЧАТ ТОПЛО БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН БЕШЕ НАЈАВУВАН КАКО НАЈСТУДЕН“ - Таткото на Вања: Сакав да ги носам со кола, ама Зорица ми велеше да не ги галиме
Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 12:29
На денешното испитување од страна на обвинителката Жаклина Јосифовска, такото на Вања, Александар Ѓорчевски, објаснуваше што се случувало во текот на преходниот ден, како и на денот на исчезнувањето на неговата ќерка.
Според него, на помалата ќерка Миња, во текот на целата учебна наставата во петок и започнувала од вториот час. Но, поради обврски на класната и во понеделник на 27.11 таа почнала со настава од вториот час.
„Само вие од сите обвинети овде знаевте дека тој ден Вања ќе оди сама на училишт“, беше прашањетпо од обвинителката, а на тоа Александар одговори дека тој знаел, но не знае дали другите тоа го знаеле.
Како што рече Александар, тој пратил порака и до децата да се облечат добнро, а како што нагласи, истата порака и ја испратил и на сопругата Зорица. На ова обвинителката се интересираше зошто барал од ќерките да се облечат топло, како за на скијање, а не за училиште.
„Суштината беше дека сакав да се облечат топло бидејќи тој ден беше најавуван како најстуден. Знаејќи дека децата нема да ме фермаат, истата порака и ја препратив и на Зорица. Но тие беа веќе тинејџерки и изгледот им беше најбитен и си се облекле фенси, а не топло. Помислив да ги однесам со кола но Зорица имаше став да престанеме да ги размазуваме и ако и се јавев тпоа да го понудам, знаев каков ќе биде одговорот. Затоа и не понудив да ги однесам на училиште“, рече Александар Ѓорчевски. .
Прашан, пак, како се подготвил брзо кога екс сопругата му се јавила дека Вања ја нема, иако во принцип важел за поспан човек кој секогаш доцни, тој рече дека не знае од каде и е тоа на обвинителката. Рече дека на стѕартот, од премногу обврски кон децата, некогаш доцнел поради менување пелени или пак да ја исклучи ринглата.
„Откако и Зорица се приклучи кон грижата за децата, секаде стигнувам навреме. Тоа утро бев премногу избезумен, што и гол да се симнам, немаше да биде невообичаено. Тоа утрпо бев во кревет кога Зорица ми се јави да ми каже дека класната ја известила дека Вања ја нема. Додека зборував на спикерфон се облекував и излегов.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




