17 Април, 2025
0.0440

„НЕ ВИДОВ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ВАЊА“: Александар со детали за потрагата и за имотот кој требало да им го препише на девојчињата

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 15:40

Добивај вести на Viber

Потрагата по малата Вања и информациите кои полицијата им ги давала на родителите беше во фокусот на денешното испитување на таткото на Вања, Александар Ѓорчески. 

Тој укажа дека во текот на целата истрага се обидувал на суптилен начин да ги наведе одговорните на правиот пат. 

- Што сѐ не кажуваа, какви сѐ небулози не слушнавме за време на истрагата - изјави таткото на Вања, Александар, на денешното продолжени на судењето за убиството на Вања и Панче. 

Ѓорѓевски ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, истакнувајќи: „Таму каде што бев присутен во присуство на полицијата, не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, единствена надеж наоѓав во „Сејф Сити“.

Тој ги негираше наводите што, како што сподели, полицијата ги наметнувала, дека Вања се регрутирала за ИСИС во Шведска, или, пак, дека заминала за Тетово.

- Детенцето Јоаким од Шведска лично го познававме и Зорица и јас, не останавме ништо на случајност, ги следевме со кого контактираа, а и јас лично имам разговарано со тоа дете. Зорица сметаше дека Вања има кул татко, и често кога зборуваше со нив, ме викаше мене да ѝ кажам како да напише на српски или англиски во поглед да им одговори на некоја нивна шега - рече тој.

Во однос на прашањето дека на средба со началникот Музафер и сведокот Гоце пред зградата на Наум Наумовски Борче на која според сведокот Музафер рекол дека детето е киднапирано и убиено, одговори „Во ниту една момент не сум помислил ниту сум сакал да помислам дека Вања е убиена“.

На прашањата во врска со склучениот договор за дар на недвижен имот на 10.4.2023 година, односно зошто не го проследиле кај нотар и не е извршена негова солемнизација, одговори дека ги преземал сите обврски за на крај да се средат документите.

- Не е така, и самите кажавте колку сѐ активности сум преземал, односно, со еден збор, целиот товар го преземав за на крај да добиеме производ со сите средени документи кои треба да се солемнизираат. Ме претставувате како монструм и ме понижувавте, мене и целото семејство, за кое цинично говоревте дека ништо не сме работеле. 

Ако сум сакал, ако сум бил таков човек, ќе сум ѝ дал на Зорица негативен одговор, немало да дозволам таков трансфер, згора на сѐ да го препишам и мојот стан на едно од децата, и становите наместо да биде прибрана документација за префрлање во вид на дар за децата - рече тој, дополнувајќи „не знам каква поврзаност има овој момент со овој настан и со овие луѓе другиве присутни во судницата“.

Потоа обвинителката се осврна за 27.11.2023 кога ги известиле полицајците дека воделе паралелна истрага со Гоце за Цитроенот. 

„Од доказниот материјал произлегува дека вие, а не Гоце, сте му пратиле скрин шот од Цитроенот од камерите на фризерницата на началникот Дејан Димовски за да го погледне истото, но во истата комуникација, му велите „Сега ќе ви го најдам од Лукоил на Партизанска, времето е таман овој да дотрчал до таму, Цитроенот е празен запален, иде после комбево, некоја минута попосле и праќате скриншат од бело возило како комбе. Прашањето е, мислевте ли на Рено кангу?“, праша обвинителката.

- Се сеќавам на таа ситуација, имаше едно младо дете кое што трчаше со ќеса во рака, со Гоце помисливме дека чувал стража и дека трча накај комбето или Цитроенот. Не, не мислам на Рено кангу. Мислам на бело комбе огромно. Не се сеќавам дека сум му ја пратил на Дејан, ако велите дека постои таква конверзација, сигурен сум дека сте во право - рече тој.

Ѓорчевски беше прашан и за тоа дали кога Гоце му кажал дека го видел Цитроенот на социјалните мрежи го известил дека Цитроенот веќе од страна на полицијата е утврден дека е Цитроенот на исчезнатиот велешанец и дека истиот е пронајден запален во село Бразда на 27.11.2023, одговори:

- Прво дознавме од Сејф сити за Цитроенот, потоа имаше по социјалните мрежи за велешанецот, па потоа дека е запалено возилото. Тоа беше во размак од неколку дена - појасни Ѓорчевски.

Прашан како успеал да заштеди со плата нешто повеќе од 28 илјади денари, одговори дека таа се акумулирала.

- Заштедата се акумулираше до моментот на давање на отказ, од тековните плати, од кириите од станот што го рентавме и од продажба на една парцела, плац, во атарот на село Кучково - рече тој. 

Во првиот дел од судењето Ѓорчевски одговараше на вкрстени прашања од обвинителката, преку кои таа го испитуваше во однос на неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа.

Во своите одговори, Ѓорчевски повторно потврди дека не го познава Љупчо Палевски лично, туку разбрал за него кога бил актуелен објектот Тифани. Тој потврди дека бил зависник на наркотична дрога хероин, за која, како што рече, ја консумирал назално.

По Ѓорчевски, треба да биде сослушан и обвинетиот Љупчо Палевски. 

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

НА ОСНОВА НА ЗЛОУПОТРЕБА СО ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗЕМАЛЕ НАД 600.000 ДЕНАРИ: Кривични пријави за специјалци од ЕБР

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

АНДОВСКИ: Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се во релативно тешка состојба

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

БЕКТЕШИ ДОБИ УШТЕ 30 ДЕНА ПРИТВОР: Љупчо Папазов оди во куќен притвор

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

ПОЧНА ГУЖВАТА НА БОГОРОДИЦА: Помала колона возила чека да влезе во Грција

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

Почина уште еден изгорен од дискотеката во Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

ОБВИНИТЕЛСТВО: Ниту еден обвинител не се повлекол поради политички притисоци од истрагата за Кочани

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Кичевчанец дивеел низ градот и повредувал луѓе

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Полицаецот од Кочани кој се сметаше дека е во бегство, утринава се пријавил сам

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!

Алкалоид, Скопска Пивара и Макпетрол најпосакувани работодавачи на Годината!