20 Декември, 2025
0.0878

ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА РЕДОВНИ ОПЕРАЦИИ: Од 27.јули по три хируршки зафати на пациенти кои немаат ковид

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

ГОБ „8 Септември“ оваа недела интензивно се подготвува да почне со редовни операции и за пациентите кои до сега чекаа да бидат ставени на програма. Според директорот на оваа болничка установа, д-р. Христијан Костов, од средината на март, откако ГОБ „8 Септември“ стана најголемиот Ковид-центар, хируршките зафати беа сведени на минимум, односно се праве аоперации само на итните случаи.

-По неколку месечна макотрпна борба со корона вирусот, сметаме дека треба да се започне и со барем по три редовни операции кај пациентите кои не се ургентни. Овие активности до сега беа минимални, пред се заради големиот наплив на пациенти заразени со Ковид-19 кои тука се хоспитализираат со најтешката форма на болеста. Практично сите одделенија во „ГОБ 8 Септември“ беа наменети за пациентите со ковид. Изминативе неколку дена се чисти и дезинфицира шок собата, од каде што најтешко болните ги префрливме на првиот кад од болницата, каде што порано беше сместена кардиохирургијата на д-р. Жан Митрев. Таму има 28 приклучоци за кислород и може целосно да одговори на потребите на пациентите болни од корона вирусот, вели д-р. Костов.

Истовремено, тој потенцира дека планираат да отворат една од оперативните сали во која во текот на денот би се правеле барем по три операции кои не беа итни и за кои пациентите кои не се позитивни на Ковид-19, досега мораа да чекаат. Планот, како што вели д-р. Костов е со ваквите хируршки активности да се започне од понеделник, односно од 27. јули.

-Се надеваме дека со ова ќе почнеме да се враќаме во нормалниот тек на работењето на ГОБ „8 Септември“. Имаме 30 хирурзи кои практично чекаат да имаат зголмен обем на работата, за разлика од останатиот медицински кадар кој веќе е на крајот на силите. Голем проблем ни претставува тоа што недостасуваат анестезиолози во болницата. Имаме само 11, а тие се целосно ангажирани околку тешко болните пациенти кои се ставени на респираторни апарати. Она што и до сега непречено функционираше е тоа што имавме 24-часовно стентирање на пациенти со кардиолошки проблеми, се прават коронарографии, работат амбулантите за очно, ушно и секако ортопедија, вели д-р. Костов.

Според него, најголемото оптоварување за болничката установа е тријажниот центар, во кој секојдневно во просек се примаат од 10 до 15 пациенти, некогаш дури и повеќе.

-Тука се хоспитализираат оние кои доаѓаат во многу сериозна состојба, односно имаат тешки пневмонии и кои ги тестираме за Ковид. Додека не се докаже дали се позитивни или не, за да ги распределиме понатаму на одделенијата, пациентите се сместени во тријажниот центар, и тоа е едно од најголемите опотоварувања за ГОБ „8 Септември“, истакнува Костов.

Она што радува, според Костов, е тоа што во последниот период значително се зголемил бројот на пациентите кои заминуваат излекувани од најголемиот Ковид-центар. Тој додава дека на дневна основа се прават и по десеттина исписи, па и повеќе на оние кои успеале да се изборат со болеста. 

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки