29 Септември, 2024
0.1589

ГОДИНАТА КРИЗНА, ДОБИВКАТА „ТОП“ - како „Макстил“ направи профит од 17,5 милиони евра, еве го рецептот

Објавено во: Економија 08 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Челичниот гигант „Макстил“ минатата година ја завршил со профит од 17,5 милиони евра, стои во Билансот на успех на компанијата кој таа го објави на Македонската берза. Тоа е пораст за цели 27 проценти во однос на претходната 2021 година.

Од компанијата преку берзата излегоа со подетално образложение за финансиските резултати остварени лани. Оттаму велат дека главна карактеристика на пазарот на челик била нестабилноста, главно предизвикана од глобалната економска несигурност, стравувањата од рецесија, инфлацијата  и порастот на цените на енергенсите, кои извршија притисок врз цените и побарувачката на челикот.

„Според предвидувањата, глобалната економска несигурност која почна во 2022 ќе влијае на успорување на економскиот раст во 2023 година, пред сѐ поради поради руско-украинскиот конфликт и зголемената инфлација, што според прогнозите, негативно ќе влијае на побарувачката на челик во текот на оваа година. Сепак, инфраструктурните проекти кои произлегуваат од владините инвестиции се очекува да бидат добредојдена компензација и тие од своја страна да помогнат да се зголеми побарувачката“, се вели во образложението кое го испратија од „Макстил“.

Како што велат од ова акционерско друштво, под влијание на глобалните трендови „Макстил“ успешно ја завршил тешката и неизвесна 2022 година, благодарение на одличното ползување на својата пазарна позиција како во регионот, така и на пазарите во Турција и Европската унија.

Оствареното производство на дебели лимови во Валавница лани се зголемил за 11 отсто во однос на 2021 година, додека порастот во однос на планот е за 10 проценти. Кај сопствениот челичен полуфабрикат, пак, односно челичански слабови има намалување од 21 отсто во однос на претходната година, а во однос на планираното производство за годината има намалување за 16 проценти. Реализацијата  на топловаланите дебели лимови се зголемила за пет отсто.

Билансот на успех говори за значаен пораст на приходите на компанијата, тие се повисоки за над 50 проценти. Од „Макстил“ информираат дека лани биле остварени приходи од работење од 11,25 милијарди денари, што е рамно на 183 милиони евра.  

„Во текот на целата година остварени се приходи од работење во износ од 11,25 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 98,6 отсто. Споредено со истиот период од 2021 остварените приходи од работењето се повисоки за 54,6 отсто“, велат од компанијата.

Зголемени се и расходите, за 63 отсто. Тие изнесувале 157 милиони евра, и „Макстил“ убаво објаснува на што се должи тоа.

„Тоа главно се должи на зголемениот обем на производство на готовиот производ во текот на овој период, како и зголемувањето на трошоците на влезните материјали и енергенси, а особено на природниот гас и електричната енергија. Овие зголемувања на цените на енергенсите предизвикаа зголемување на цените на сите други влезни материјали, како што се другите технички гасови, техничките води и феролегурите“, објаснуваат од ова АД.

Оттаму потенцираат и дека во овој период компанијата нема извршена исплата на дивиденди по акција заради пренесени загуби од претходниот период.

Но затоа во „Макстил“ не штеделе на инвестирање. Велат дека вкупниот вложен износ за инвестиции за 2022 изнесувал 161,5 милиони денари, или 2,6 милиони евра.

„Во текот на годината реализирани се нови инвестиции како во погонот Челичарница, каде се изврши модернизација на опремата за регулација на излезниот дел од контиливните машини, се направи замена на кранските кабини за операторите, се подобри безбедното движење по крановите и кранските стази, така и во погонот Валавница каде се постави нова станица за компримиран воздух, беше извршена замена на две секции на транспортни валци и редовните активности околу капитално одржување на опремата“, објаснуваат од компанијата, додавајќи дека има големи унапредувања и кај ИСО стандардите, а лани за прв пат се вовел и Системот за безбедност и здравје при работа - ИСО 45001.

Во наредниот период, како што велат, најголем предизвик останува справувањето со енергетската криза, зголемената инфлација, како и тешкотиите со транспортот и логистиката.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија