19 Декември, 2025
0.0492

Годинава повеќе продолжени викенди од лани: Следниот е овој викенд!

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2017 18:08

Добивај вести на Viber

Факт е дека сите со нетрпение чекаме да дојде продолжен викенд за да одмориме ден повеќе од работните обврски.

Годинава, ќе имаме повеќе продолжени викенди од лани, или вкупно седум.

Еден продолжен викенд ни помина за Нова година кога 1 јануари се падна во недела и слободниот ден беше поместен за во понеделник.

Следен продолжен викенд ќе биде викендов што е на повидок, затоа што Бадник или 6 јануари е неработен и се паѓа во петок.

Третиот продолжен викенд следи за Велигден.

Годинава големиот христијански празник ќе го чествуваме на 17 април и тој ден е неработен па така деновите ќе се спојат и ќе имаме продолжен викенд.

После велигден, продолжен викенд следнува на 1 Мај-Денот на трудот. И тој како и Велигден се паѓа во понеделник.

Идниот викенд во кој ќе одмораме три дена од работни обврски е во јуни кога се празнува Рамазан Бајрам, односно бидејќи празникот е во недела на 25 јуни, се префрла во понеделник.

Повеќе ќе се одмара и за 8 Септември – Денот на независноста, потоа за Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври што паѓа во понеделник, апотоа продолжен викенд има со 8 Декември – „Св. Климент Охридски“ кој се празнува во петок.

Неработни за сите граѓани се и 24 мај – Денот на сесловенските просветители, 2 август – Денот на Републиката и Денот на народното востание – 11 октомври, кои годинава се во среда.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмараат за големиот христијански празник Велигден бидејќи за нив освен понеделникот – 17 април, неработен ќе биде и петокот – 14 април. Продолжени викенди православните верници ќе имаат и за Бадник на 6 јануари – петок, за Духовден на 2 јуни – петок и за Успение на пресвета Богородица, кој годинава е во понеделник. Како неработен ден за православните верници е и Богојавление – Водици, кој е во четврток.

Годинава, православниот Велигден е во исти ден со католичкиот Велигден така што и верниците од католичка вероисповед ќе празнуваат на 17 април – понеделник. Граѓаните од католичка вероисповед ќе имаат уште еден продолжен викенд за католичкиот Божик, кој годинава е во понеделник. За католиците неработен е и Празникот на сите светци – 1 ноември кој е во среда.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки